Ирина Натановна Прес (10 март 1939 – 21 февруари 2004) — советска атлетичарка која се натпреварувала на Летните олимписки игри во 1960 и 1964 година. Во 1960 година таа освоила златен медал во дисциплината 80 метри со пречки со резултат од 10.8 секунди и го освоила четвртото место заедно со советскиот тим во штафетната трка на 4 × 100 метри. Во 1964 година таа го освоила четвртото место на 80 метри со пречки и шестото во фрлање ѓуле, но го освоила златниот медал во новововедената дисциплина седмобој.[1][2][3]

Ирина Прес на ЛОИ 1964
Лични податоци
Полно имеИрина Натановна Прес
Роден(а)10 март 1939(1939-03-10)
Харков, Украина
Починал(а)20 февруари 2004(2004-02-20) (возр. 64)
Москва, Русија
Висина&100000000000001680000001,68 м
Тежина75 kg (165 lb)
Спорт
ЗемјаСССР СССР
Спортседмобој, спринт, фрлање ѓуле
КлубДинамо Ст. Петерсбург
Динамо Москва

Заедно со нејзината постара сестра Тамара, Ирина поставила 26 светски рекорди меѓу 1959 и 1966 година.[4] Кариерите на сестрите Прес завршиле одеднаш во време кога била воведена половата верификација.[5] Критичарите претпоставувале дека сестите Прес се мажи или хермафродити. Друга претпоставка е дека тие се вшприцувале со машки хормони со цел да бидат посилни. Тие често биле нарекувни "браќата Прес".[6]

По повлекувањето, Прес дипломирала физичко образование и била тренер во својот клуб Динамо Москва. Од 2000 година до нејзината смрт во 2004 година таа била на чело на Московскиот комитет за физичка култура и спортови.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Irina Press Архивирано на 19 мај 2015 г.. sports-reference.com
  2. „Irina Press (Soviet athlete)“. Encyclopædia Britannica. Britannica.com.
  3. „Irina Press“. Telegraph. 31 May 2004.
  4. Tamara PRESS – U.S.S.R. – 1960 and 1964 Olympic Shot Put champion. Sporting Heroes
  5. „Gender testing in sport“. Reuters. 20 December 2006.
  6. "Switch hitter: If a man has a sex change can he compete in the Olympics as a woman?" [[thestraightdope.com]]; 22 август 2008“. Архивирано од изворникот на 2008-08-29. Посетено на 2016-08-05.