Споменик на Републиката (Истанбул)
Џумхуриет Анити (турски: Cumhuriyet Anıtı; во превод Споменик на Републиката) е споменик којшто се наоѓа на плоштадот Таксим, во Истанбул, Турција. Споменикот е посветен на формирањето на Турската република во 1923 година. Споменикот бил изграден по само две години од прогласување на републиката, со финансиска поддршка од населението на градот на чело со д-р Хаки Шинаси. Архитект на споменикот е италијанскиот скулптур Пјетро Каноника.[1]
Споменик Џумхуриет Анити Cumhuriyet Anıtı | |
---|---|
Поглед кон централниот дел на споменикот. Во средината се наоѓа Ататурк. | |
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Почната | 1928 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Пјетро Каноника |
Споменикот е висок 11 метри. Во неговата централна страна се прикажани во човечка форма, истакнати претставници и основачи на републиката, како Мустафа Кемал Ататурк, неговиот помошник Исмет Инону и Февзи Чакмак. Споменикот има две страни. На северната страна е претставен Ататурк во раниот период на неговото дејствување, а на другата страна која гледе кон Булевар Истиклал, се претставени исто така Ататурк заедно со неговите соработници кои се облечени во модерна, западноевропска облека. Споменикот ги симболизира улогите на Ататурк, како воен командант и како државник.
Во позадина на Ататурк, се наоѓаат и Михаил Фрунз и Климент Ворошилов. Првиот одиграл важна улога во Октомвриската револуција, а вториот бил маршал во Советскиот Сојуз. Нивната присутност на споменикот ја укажува воената помош која што била дадена од страна на Ленин за време на Турската војна за независност во 1920 година.
Споменикот е еден од најважните во градот и Турција, каде се одржуваат некои церемонии за време на државните празници.
Наводи
уредиНаводи
уреди- Mevlüt Çelebi, Taksim Cumhuriyet Anıtı, Atatürk Araştırma Merkezi, 2006 Ankara, 1. Edition, ISBN 975-16-1910-6
- Kenthaber.com - Taksim Cumhuriyet Anıtı. Архивирано на 16 ноември 2009 г. 2009. (турски)
Надворешни врски
уреди- Споменик на Републиката (Истанбул) на Ризницата ?