Таганрошки Залив
Таганрошки Залив (руски: Таганрогский залив, украински: Таганрозька затока) — североисточен продолжеток на Азовското Море кој може да се смета и за поплавен естуар на реката Дон.
Географија
уредиЗаливот има улога на природна граница помеѓу кубањскиот брег од руска и северноазовското приморје од укранска страна. Државната граница во ова подрачје сè уште не е утврдена.
На североисточниот крај на заливот се наоѓа устието на реката Дон, широко 31 км и со средна длабочина од 5 м. Во постудените зими замрзнува од декември до март.
Во Таганрошкиот Залив се влеваат и реките Калмиус и Миус. Овој дотек на вода е главен чинител на тековниот развој во приморското подрачје.[1]
Предели и места
уредиУстието изобилува со песокливи провлаци кои делумно го заградуваат, од кои позабележителни се Долгаја на југ и Белосарајска од север. Има и низа песочни островчиња. Поважни водотеци кои се влеваат во заливскиот слив се реките Дон, Калмиус, Миус и Јеја.
Најголеми пристанишни места се градовите Таганрог и Јејск во Русија и Мариупол во Украина. Неколку километри спротиводно по Дон лежи и градот Ростов на Дон.
Вода
уредиЗаливот се одликува со интересна нерамномерност во соленоста на водата. Во источниот, најплиток дел од заливот водата е послатка поради дотурот на речна вода од Дон, а на запад таа е прилично посолена.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Taganrog Bay“. Giduss.info. Архивирано од изворникот на 2013-01-24. Посетено на 8 February 2013.
Надворешни врски
уреди- Таганрошки Залив на Ризницата ?