С’единение (град)
С’единение (бугарски: Съединение) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината С’единение во Пловдивската Област. Има население од околу 5.621 жители (2022).[1]
С’единение Съединение | |
---|---|
град | |
Споменикот на Соединението | |
Местоположба на С’единение во Бугарија | |
Координати: 42°16′28″N 24°32′47″E / 42.274582° СГШ; 24.546508° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пловдив |
Општина | С’единение |
Управа | |
• Градоначалник | Георги Руменов (БЗНС) |
Површина | |
• Вкупна | 100,2 км2 (38,7 ми2) |
Надм. вис. | 280 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 5,621 |
• Густина | 56/км2 (150/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4190 |
Повик. бр. | +359 0318 |
Мреж. место | saedinenie.bg |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа во Горнотракиската Низина, 27 километри северозападно од регионалниот центар Пловдив и 135 км од главниот град Софија.
Историја
уредиНаселбата е основана околу 1680 година на местото на постара бугарска населба уништена за време нао османлиското освојуване. Доминантен вид дрво бил брестот, затоа Турците го нарекувале селото Куру ќој — „шумско село“ или поточно Караагач куру ќој „шумско село од брестови“.
Според историските податоци, областа била поволна за одгледување коњи. Овде имало голем чифлик за одгледување коњи за османлиската војска. Со текот на времето, многу од селаните кои работеле на имотот се населиле во неговата област. Така стана најголемата населба во околината и таа била наречена село Гољамо Конаре за да се разликува од останатите пет истоимени села во Филибелиската каза.[2]
По руско-турската војна од 1878 година, Гољамо Конаре бил вклучен во Источна Румелија. На 5 септември 1885 година на централниот плоштад во Гољамо Конаре било објавено обединувањето на Источна Румелија со Кнежеството Бугарија. Од градот тргнала Гољамоконарската чета на Чардафон Велики, која на 5 срешту 6 септември 1885 година влегла во Пловдив. Учествувала во апсењето на главниот гувернер на Источна Румелија Гаврил Крстевич и во прогласувањето на Соединението.
При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, 1 жител на Гољамо Конаре доброволно се пријавил во Македонско-одринското ополчение.[3]
Со Указ бр.828 од септември 1969 година на Президиумот на Народното собрание на Народна Република Бугарија, селото Гољамо Конаре се преименува во С’единение и добило статус на град, а датумот 5 септември бил прогласен за празник на општината.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Община Съединение - история, www.saedinenie.bg
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 838.