Сукуба
Сукуба е демон или натприроден ентитет во фолклорот, во женска форма, што се појавува во соништата за да ги заведе мажите, обично преку сексуална активност. Според верските традиции, повторената сексуална активност со сукуба може да предизвика штета на физичкото или менталното здравје, дури и смрт. Во современото претставување, сукубата често е прикажана како убава заводничка или волшебничка, наместо како демонска или застрашувачка. Машки пандан на сукубата е инкубот.
Етимологија
уредиТерминот произлегува од доцната латинска форма succuba „љубовник“; од succubare "да лежи под" ( sub- "под" и cubare "да лежи"), се користи за да се опише имплицираната сексуална положба на ова женско натприродно суштество во однос на положбата на спиењето на мажот. Англискиот збор succubus потекнува од крајот на 14 век.[1]
Во фолклорот
уредиКако што е прикажано во еврејското мистично дело Зохар и средновековниот рабински текст Азбука на Бен Сира, Лилит била првата сопруга на Адам, која подоцна станала сукуба.[2] Таа го напуштила Адам и одбила да се врати во Едемската градина откако се спарила со архангелот Самаел .[3] Во Зохаристичката кабала имало четири сукуби кои имале секс со архангелот Самаел. Има четири оригинални кралици на демоните: Лилит, Ајшет, Аграт бат Махлат и Наама .[4] Сукубата може да има форма на убава млада девојка, но при поблизок увид може да се откријат деформитети на нејзиното тело, како што се птичји канџи или змиски опашки.[5] Фолклорот исто така го опишува чинот на сексуално продирање во сукуба како слично на влегување во пештера мраз, а има извештаи и за сукуби кои ги принудувале мажите да вршат кунилингус (орален секс) на вулвата од која капе урина и други течности.[6] Во подоцнежниот фолклор, сукубата добила форма на сирена.
Низ историјата, свештениците и рабините, вклучувајќи ги Ханина Бен Доса и Абаје, се обидувале да ја ограничат моќта на сукубите над луѓето.[7] Сепак, не сите сукуби се сметаат за злонамерни. Според Волтер Мап во сатирата De Nugis Curialium (Ситничарење на дворјаните), папата Силвестер Втори (999–1003) бил наводно во врска со сукуба по име Меридијана, која му помогнал да го постигне својот висок ранг во Католичката црква. Пред смртта, тој ги признал своите гревови и умрел покајан.[8]
Способност за репродукција
уредиСпоред Кабалата и школата на Рашба, првичните три кралици на демоните, Агат Бат Махлат, Наама, Еишет Зенуним и сите ним слични, раѓаат деца, освен Лилит.[9] Според други легенди, децата на Лилит се нарекуваат Лилин.
Според Малеус Малефикарум, или „Чеканот на Вештерките“, напишан од Хајнрих Крамер во 1486 година, сукубите ја собираат спермата од мажи што ги заведуваат. Инкубите, или машките демони, потоа ја користат спермата за да забременат човечки жени објаснувајќи на тој начин како демоните очигледно можат да имаат децата и покрај традиционалното верување дека тие не се способни за размножување. Деца кои се на тој начин родени - камбиони - се сметало дека се оние кои се родиле деформирани или поподложни на натприродни влијанија.[10] Додека во книгата не се осврнува на тоа зошто човечка жена, забременета со сперма од човечки маж, не раѓа типично човечко потомство, објаснувањето би можело да биде дека спермата се менува пред да биде пренесена до жената. Меѓутоа, во некои преданија, детето се раѓа деформирано бидејќи зачнувањето било неприродно.
Кралот Јаков во својата дисертација насловена Dæmonologie ја побива можноста за репродукција на ангелските субјекти и наместо тоа предлага дека ѓаволот може да спроведе два начина на забременување на жени: првиот, да ја украде спермата од мртов човек и да ја пренесе во жена. Ако демонот би можел брзо да ја извлече спермата, супстанцијата сепак не би можела веднаш да се пренесе кај жената домаќин, предизвикувајќи таа да се олади. Ова го објаснува неговото гледиште дека сукуби и инкуби се ист демонски ентитет, а се опишани поинаку, засновано на измачените припадниците на половите со кои се разговарало. Вториот метод е идејата дека мртво тело може да биде опседнато од ѓавол, предизвикувајќи тоа да воскресне и да има сексуални односи со другите. Сепак, не се спомнува поседување на женски труп за да се изнуди секс од мажи.[11]
Во не-западната литература
уредиБудистички канон
уредиБудистички спис во врска со молитвата кон Авалокитевара, Даранската сутра од Амогапча, им ветува на оние што се молат дека „нема да ве напаѓаат демони кои или ја цицаат вашата енергија или водат љубов со вас во соништата“.[12]
Арапска култура
уредиВо арапската митологија, каарината ( قرينة ) е дух сличен на сукубата, со потекло можеби од античката египетска религија или од анимистичките верувања на пред-исламска Арабија.[13] Каарината „спие со лицето и има односи за време на спиењето, како што е познато по соништата“.[14] За нив се вели дека се невидливи, но лице со „втор поглед “ може да ги види, често во форма на мачка, куче или друго домашно милениче. „Во Омдурман тоа е дух што опседнува. . . . Само одредени луѓе се опседнати и таквите луѓе не можат да се венчаат или каарината ќе им наштети “.[15] До денес, многу африкански митови тврдат дека мажите кои имаат слично искуство со такво суштество (сукуба) во соништата (обично во форма на убава жена) се чувствуваат истоштени веднаш штом се разбудат; честопати тврдејќи дека имало духовен напад врз нив. Локалните ритуали / гатањето често се користат со цел да се повика на бога за божествена заштита и интервенција.
Научни објаснувања
уредиВо областа на медицината, постои извесно верување дека приказните кои се однесуваат на средби со сукуби личат на современиот феномен на луѓе кои пријавуваат дека биле киднапирани од вонземјани,[16] што се припишува на парализа во спиењето и халуцинации од нивната современа култура. Понатаму, искуството со ноќни емисии или „влажни соништа“ може да го објасни сексуалниот аспект на феноменот.[17][18]
Во фикцијата
уредиНиз историјата, сукуби биле популарни ликови во музиката, литературата, филмот, телевизијата и многу повеќе.
- ↑
„succubus“, Oxford English Dictionary (3rd. изд.), Oxford University Press, September 2005 Invalid
|mode=CS1
(help) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - ↑ „The Story Of Lilith“. jewishchristianlit.com. Архивирано од изворникот на 2010-06-07. Посетено на 21 September 2016.
- ↑ „Samael & Lilith“. istina.rin.ru. Посетено на 21 September 2016.
- ↑ „Zohar: Chapter XXXII“.
- ↑ Davidson, Jane P. (2012). Early modern supernatural : the dark side of European culture, 1400-1700. Santa Barbara, Calif.: Praeger. стр. 40. ISBN 9780313393433.
- ↑ Guiley, Rosemary Ellen (2008). The encyclopedia of witches, witchcraft and wicca (3. изд.). New York: Facts On File. стр. 95. ISBN 9781438126845.
- ↑ Geoffrey W. Dennis, The encyclopedia of Jewish myth, magic and mysticism. p. 126
- ↑ History of the Succubus
- ↑ Alan Humm. „Kabbala: Lilith, Queen of the Demons“. lilithgallery.com. Посетено на 21 September 2016.
- ↑ Lewis, James R., Oliver, Evelyn Dorothy, Sisung Kelle S. (Editor) (1996), Angels A to Z, Entry: Incubi and Succubi, pp. 218, 219, Visible Ink Press, ISBN 0-7876-0652-9
- ↑ Warren, Brett (2016). The Annotated Dæmonologie of King James. A Critical Edition. In Modern English. стр. 79–83. ISBN 978-1-5329-6891-4.
- ↑ Yü, Chün-fang (2001). Kuan-yin : the Chinese transformation of Avalokiteśvara. New York. стр. 57. ISBN 023112029X.
- ↑ Zwemer, Samuel M. (1939). „5“. Studies in Popular Islam: Collection of Papers dealing with the Superstitions and Beliefs of the Common People. London: Sheldon Press.
- ↑ Tremearne, A. J. N. Ban of the Bori: Demons and Demon-Dancing in West and North Africa.
- ↑ Trimingham, J. Spencer (1965). Islam in the Sudan. London: Frank Cass & Co. Ltd. стр. 172.
- ↑ Knight-Jadczyk, Laura; Henri Sy (2005). The high strangeness of dimensions, densities, and the process of alien abduction. Red Pill Press. стр. 92. ISBN 9781897244111.
- ↑ „Sleep Paralysis“. The Skeptics Dictionary.
- ↑ „Phenomena of Awareness during Sleep Paralysis“. Trionic Research Institute. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2021-06-14.