Сува Долина (Злетово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Сува Долина“
| |
Местоположба | 41°59′15″N 22°14′05″E / 41.98750° СГШ; 22.23472° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Злетово |
Општина | Пробиштип |
Тип |
|
Период | палеолитско време |
Портал „Археологија“ |
Сува Долина - наоди од палеолитско време. Кај мостот на Злетовска Река, преку кој минува патот Пробиштип-Злетово, во 1980 година се пронајдени различни петрографски материјали. Меѓу нив преовладуваат црвеникаво-сиви јадра од кремен и јадра од силицизирани боксити. Археологот Р. Гравски издвоил три артефакти (два од јаспис и еден од силицизиран боксит), врз основа на начинот на обработката, формата и големината типолошки ги определил како орудија од фазите на мустериен и ашел на помладиот палеолит.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 321. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |