Љулин (автопат)
Љулин (бугарски: Автомагистрала „Люлин“) е автопат во Бугарија, кој ги поврзува главниот град Софија со Перник со патниот јазол Даскалово, каде се поврзува со автопатот Струма. Должината на автопатот „Љулин“ е 19.135 километри.[1].
Вкупната вредност на проектот за изградбата на автопатот била 185 милиони евра, од кои 135 милиони евра се грант од програмата ИСПА.[1] Високата цена на автопатот се објаснува со нерамниот терен низ кој минува патот, каде има многу мостови и тунели. Автопатот е дел од патот Е79 и европските транспортни коридори IV и VIII.
Трасата на автопатот има три тунела со вкупна должина од 1260 метри, 26 мостови и вијадукт со вкупна должина од 6 километри, 3 сообраќајни јазли и ѕидови со должина од над 2762 метри [1]. Проектната брзина за движење по автопатот е 100-110 километри на час.