Стојан Митре Петров ( 1926 во Скопје1945 во Гарешница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Израснал и учел во Скопје. Поради војната го прекинал натамошното образование. На 15 ноември 1944 годинa по ослободувањето на Македонија, стапил во Четиринаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во вториот баталјон. Учествувал во акциите на Бригадата против балистичките банди. Подоцна бил распореден во една единица на XV македонски корпус, со која учествувал во завршните операции и пробивот на Сремскиот фронт. Во една битка против Германците во април 1945 година, храбро загинал за ослободувањето на Гарешницa.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 112. На |first= му недостасува |last= (help)