Јадранка Стојаковиќ

(Пренасочено од Стојаковиќ Јадранка)

Јадранка Стојаковиќ (српски: Јадранка Стојаковић - 24 јули 1950 – 3 мај 2016) беше југословенска пејачка, кантавторка, текстописец, по потекло од Босна и Херцеговина, популарна во поранешна Југославија, позната по нејзиниот единствен глас. Нејзините најпознати хитови се: „Се можевме ние“, „Зошто те нема“ и „Бистри води низ Босна течат“[1].

Јадранка Стојаковиќ
Стојаковиќ во април 2011
Животописни податоци
Роден(а)24 1950(1950-Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „ј“-24)
Сараево, Босна и Херцеговина, СФР Југославија
Починал(а)3 мај 2016
Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина
Занимањатекстописец, кантавтор
ИнструментиВокал
Период на активност1972–2011

Животопис

уреди

Родена во Сараево, во семејство на учители, детството го поминала во едно мало село во близина на Босански Нови, каде нејзините родители биле назначени да предаваат. Родители набрзо се развеле а таа се преселила со нејзината мајка назад во Сараево. Во текот на следните неколку години, со нејзината мајка биле во постојано преселување - затоа што нејзината мајка, работела како наставник, кадар којшто недостасувал - Дубровник, Градац на Море, Вареж. Мајката и ќерката на крајот се населиле во село околу Сараево, каде младата Јадранка поминала значаен дел од своето детство.

На 16-годишна возраст, Стојаковиќ се приклучила на џез групата, на нејзиниот чичко Вукашин Радуловиќ и настапувала со нив низ целата земја, како и во другите делови на Европа (претежно во Германија ). Во 1981 година таа пееше вокал со Исмет Дервоз за југословенскиот претставник Вајта на Евровизија 1981 во Ирска. На Зимските олимписки игри 1984, што се одржаа во нејзиното родно Сараево, таа ја испеала официјалната тематска песна на Игрите. Во тоа време, таа била наградена за најдобар уметник на СФР Југославија. Таа престојувала во Јапонија од 1988 до 2011 година. Во 2009 година, доживеала тешка повреда на сцената. Нејзината повреда била дијагностицирана како амиотрофична латерална склероза (АЛС), моторна невронска болест[2].

Откако добила мала компензација за нејзината повреда, Стојаковиќ се вратила во Босна и продолжила да се бори против инвалидитетот. Покрај тоа, Стојаковиќ. се расправала со босанските власти за да си го врати имотот, стан во Сараево што му беше одземен додека беше во странство. Како и да е, таа продолжила да компонира интензивно[3].

По нејзиното враќање од Јапонија, Стојаковиќ извела неколку однапред закажани концерти во 2011 година, но на крајот се повлекла во старечки дом во Бања Лука, Босна и Херцеговина, потешко болна.

Таа починала во старечки дом на 3 мај 2016 година. Погребана е на 9 мај 2016 година во Врбања, предградие на Бања Лука.

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
  1. „Зора“, ЛП 8018, Дискотон Сараево, 1981 година[4].
  2. „Да ја одмориш малку душата“, ЛП 8052, Дискотон, Сараево, 1982 година,
  3. „Сè повеќе те сакам“, ЛП 3149, Сараево диск, Сараево, 1985 г.
  4. „Верувам“,ЛП 2122677, ПГП РТВ Белград, 1987
  5. „Бебе Универзум“, Омагатоки Рекордс, 1996 година

Наводи

уреди