Стока (економија)

единица произведена за задоволување на побарувачка или потреба
(Пренасочено од Стоки)

Стока, роба или артикл — нешто за што постои побарувачка, но кое се нуди без квалитативна разлика низ пазарот. Ова е производ кој е ист без разлика кој го произведува. Такви примери се бензинот, хартијата за пишување или млекото.[1] Со други зборови, бакарот е бакар. Оризот е ориз. Меѓутоа аудио-системите на пример, имаат многу нивоа на квалитет. И што подобар е системот, тоа повеќе чини. Цената на бакарот е универзална, и флуктуира на двевна база зависно од глобалната понуда и побарувачка.

Гравчиња кафе
Лабави листови од дарџилинг чај
стебла

Една од одликите на стоката е тоа што нејзината цена се одредува како функција на нејзиниот пазар во целина. Добро зацврстените физички стоки од одамна активно се тргувале на готовинските и деривативните пазари. Ова се основни ресурси и земјоделски производи како железната руда, сировата нафта, јагленот, етанолот, солта, шеќерот, кафето, сојата, алуминиумот, оризот, пченицата, златото и среброто.

Феноменот наречен комодификација се случува кога пазарот на добрата и услугите престанува да разликува место на набавка, често со распрснување на интелектуалниот капитал потребен за нивно стекнување или производство. Како такви, добрата на кои порано се добивало висока маржа сега се стока, како да речеме генерички лекарства и силициумски чипови.

Стоката во марксизмот

уреди

Во класичната политичка економија, и особено во делото на Карл Маркс, за стока се смета секое добро или услуга произведено со човечки труд и јавно понудено на пазарот за продажба. За стока се сметаат и други вредни добра, како на пр. човековиот труд, уметничките дела и природните ресурси, иако тие не се создадени со намера да се продаваат на пазарот, или пак се добра кои не се размножуваат.

Марксовата анализа на стоката има за цел да го реши прашањето за тоа што е тоа што ја вопоставува економската вредност на добрата, служејќи се со трудовата теорија на вредност. Оваа проблематика на широко ја обработувале Адам Смит, Давид Рикардо и and Јохан Карл Родбертус и други. Во економијата, вредноста и цената не се еквивалентни, и затоа теоретизирањето за посебниот однос помеѓу вредноста и пазарната цена претставува предизвик како за либералните, така и за марксистичките економисти.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Sullivan, Arthur; Steven M. Sheffrin (2003). Economics: Principles in action. Upper Saddle River, New Jersey: Prentice Hall. стр. 152. ISBN 0-13-063085-3. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 2021-02-24.

Надворешни врски

уреди