Петре М. Андреевски (награда на Фондација Рамковски)
Награда „Петре М. Андреевски“ — книжевна награда од Фондацијата „Рамковски“ која се доделувала за најдобар роман на републичко ниво.
Наградата била востановена во 2007, една година по смртта на големиот македонски писател Петре М. Андреевски и траела сè до згаснувањето на Фондацијата.
Прв добитник на наградата бил Кире Илиевски со романот „Мемоарите на Алберт Ајнштајн“,[1] а последен Стефан Марковски, кој во 2009-та ја добил наградата на свои 18 години со романот „Еднонасочно“.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Мемоарите на Алберт Ајнштајн :: COBISS+“. plus.mk.cobiss.net. Архивирано од изворникот на 2021-12-24. Посетено на 2021-12-24.
- ↑ Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Еднонасочно :: COBISS+“. plus.mk.cobiss.net. Архивирано од изворникот на 2021-12-24. Посетено на 2021-12-24.
- ↑ „Романот „Еднонасочно", добитник на наградaта Петре М. Андреевски за 2009, промовиран во Гевгелија“. IDIVIDI. Посетено на 2021-12-24.