Книжевен круг
Книжевен круг е годишна литературна награда за најдобри ракописи на државно ниво којашто од 2011 година ја доделува Друштвото на писатели Битолски книжевен круг - Битола.
Наградата ја доделува жири-комисија составена од членови на Друштвото за необјавени ракописи во три категории: проза, поезија и книжевна критика. Наградата била доделена и во категоријата драма.
Наградените ракописи се публикувани и промовирани на меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“ која секоја година се одржува во Битола.[1]
Помеѓу останатите имиња, како добитници на наградата Книжевен круг се издвојуваат: Блаже Миневски, Стефан Марковски, Братислав Ташковски, Трајче Кацаров, Весна Мундишевска - Велјановска, Зоран Пејковски, Љубинка Донева, Петре Димовски, Панде Манојлов, Михајло Свидерски други.[2]
Наводи
уреди- ↑ „МАНИФЕСТАЦИЈА 2020“. БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ. Архивирано од изворникот на 2022-06-18. Посетено на 2022-06-18.
- ↑ „Изданија“. БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ. Архивирано од изворникот на 2022-06-18. Посетено на 2022-06-18.