Стара опсерваторија (Тарту)

Стара опсерваторија во Тарту или Ѕвездарница во Тарту (естонски: Tartu Tähetorn) — историско научно здание во градот Тарту, Естонија, на подножјето на Катедралниот Рид.

Старата опсерваторија во Тарту

Историја

уреди
 
Литографија со опсерваторијата (Август Филип Клара, 1821)

Создадена е през 1811 г. како дел од Универзитетот во Тарту под раководство на професорот по математика Јохан Вилхелм Андреас Пфаф (1774–1835), кој ја напуштил во 1809 г. Прв директор на опсерваторијата бил Јохан Зигизмунд Готфрид Хут (1763–1818).

По смртта на Хут во 1818 г. Фридрих Георг Вилхелм фон Струве станува професор по астрономија на универзитетот, каде и докторирал. Во 1820 г. е назначен за директор на опсерваторијата. Под негово раководство, опсерваторијката набргу се претвора во една од водечките астрономски установи.

Во 1824 г. е пуштен во употреба многу силен рефракторски телескоп од работилницата на Јозеф фон Фраунхофер, кој претставува најголемиот телескоп со вистински бои на своето време, со отвор од 24,4 см. Во следните години, Струве спроведува темелни истражувања врз двојни ѕвезди, кои потоа ги издава во два тома. Врши и посебни задачи во врска со геодетскиот премер на Русија, вклучувајќи го и Струвеовиот геодетски лак, наречен по него. Во 1839 г. Струве го напушта Тарту и започнува со работа во опсерваторијата во Пулково кај Санкт Петербург.

Во 1840 г. Јохан Хајнрих фон Медлер застанува на чело на опсерваторијата. Ја продолжува дејноста на Струве, работејќи на точното утврдување на положбите на ѕвездите (астрометрија) и изготвува подробни цртежи на Месечината, поради кои се стекнува со углед. Во 1865 г. фон Медлер ја напушта функцијата од здравствени причини. Негови наследници биле Томас Клаусен (1865-72) и Петер Карл Лудвиг Шварц (1872–94).

Со текот на времето, опсерваторијата го губи своето значење, кога други опсерватории набавуваат поголеми инструменти. Подоцнежни раководители на опсерваторијата биле Григориј Левитски (1894–1908), Константин Покровски (1908–1918) и Тавет Ротсмае (1919–1948).

По Втората светска војна, институтите на универзитетот се реорганизирани и донесена е одлука да се создаде нова опсерваторија – денешната Опсерваторија во Тарту (Tartu Observatoorium), завршена во 1964 г. Од 1963 г. во состав на опсерваторијата работи и астрономски клуб.[1]

Зданието на старата опсерваторија е обновено во периодот од 2009 до 2011 г.[1] и во 2015 г. е претворено во музеј со посетителски центар.

Опрема

уреди

Со нејзиното отворање, опсерваторијата во Тарту разполагала со еден рефлекторски телескоп, изработен од Вилијам Хершел и далекуглед со ахроматична леќа од Троцтоп со жаришно растојание од 1,5 м.

Во 1814 г. опсерваторијата получава меридијален инструмент од Џорџ Долонд, а во 1822 г. – уште еден од познатата работилница на Георг Фридрих фон Рајхенбах во Минхен. Во 1824 г. набавува и голем Фраунхоферов рефрактор од истата работилница.

Овој рефракторски телескоп има отвор од 9 германски цола (244 мм) и жаришно растојание од 13 стапки (4,33 м), што го прави најголемиот објектив на Фраунхофер. Со него започнува развојот на таканаречените „огромни телескопи“ и прецизното истражување на двојните ѕвезди. Поради неговиот новоосмислен положбен микрометар, Струве набргу успева да издаде каталог со 3112 точно измерени двојни звезди. Рефракторот е обновен во 1993 г.

Во 1873 г. опсерваторијата добива и хелиометар – телескоп со двоен објектив за мерење на најмалите разлики во аглите, а во 1897 г. и зенитен телескоп.

Во 1911 г. е пуштен во употреба 20-сантиметарскиот Цајсов рефрактор со жаришно растојание од 3 м. Истата година е поставен и астрограф со 15-сантиметарски отвор и фокусно растојание од 78 см.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2015-09-14.

Надворешни врски

уреди

58°22′43.66″N 26°43′12.41″E / 58.3787944° СГШ; 26.7201139° ИГД / 58.3787944; 26.7201139