Струвеов геодетски лак
Струвеов геодетески лак — верига од геодетски ознаки за триангулација, што се протега од Хамерфест во Норвешка до Црното Море. Минува низ десет земји во вкупна должина од 2.820 км. Лакот е воспоставен од рускиот научник со германско потекло Фридрих Георг Вилхелм во периодот од 1816 до 1855 година, со цел да се утврди точната големина и облик на Земјата. Во времето на воспоставување на лакот, проаѓал само низ две суверени држави: личниот сојуз на Шведска и Норвешка и Руското Царство.
Струвеов геодетски лак | |
---|---|
Најсеверната станица од Струвеовиот геодетски лак се наоѓа во Фугленес, Норвешка. | |
Карта на Струвеовиот геодетски лак каде црвените точки ги означуваат местата на Светското наследство. | |
Општи податоци | |
Место | Естонија, Белоруција, Финска, Латвија, Литванија, Норвешка, Молдавија, Русија, Шведска и Украина |
Координати | 59°3′28″N 26°20′16″E / 59.05778° СГШ; 26.33778° ИГД |
Отворена | Геодетски лак |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Фридрих Георг Вилхелм фон Струве |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Службен назив | Струвеов геодетски лак |
Критериум | ii, iii, vi |
Навод | 1187 |
Запис | 2005 (XXIX заседание) |
Во 2005 година, лакот бил вклучен во Списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Лакот изворно се состои од 258 триаголници и 265 изворни точки. На списокот на светско наследство има 34 изворни точки со нивните различни ознаки, како што се ознаки во камен, железни крстови, обелисци итн.
Надворешни врски
уреди„Струвеов геодетски лак“ на Ризницата ? |