Станко Павлески
Станко Павлески (роден на 14 јануари 1959 година во село Ерековци Прилепско) — македонски скулптур и универзитетски професор.[1]
Станко Павлески | ||
Роден | 14 јануари 1959 Ерековци Прилепско, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | вајар |
Животопис
уредиСтанко Павлески дипломирал на ФЛУ во Скопје (1984), каде што денес е професор. Магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1992). Првото самостојно издание на Павлески е „Ненапишана книга до посредувачот“ (од 2002), дело со кое започнала и целата серија тематски проекти насловени „Кино Напредок – Трилогија провинција“ (реализирани во периодот 2002-2005 заедно со вајарот Томе Аџиевски), во кои се занимава со критика на уметничкиот систем и на критичарите на уметноста. Дел од тој долгогодишен проект е и второто самостојно издание, големата „Книга над кориците – Моја антологија: Македонската уметност и критика 1954-2004“ (од 2004).
Од 2006 до 2009, заедно со Томе Аџиевски и Јован Шумковски реализирал уште една серија изложби во Париз (2006), Њујорк (2007 и 2008) и Александрија (2009) под заеднички наслов „Проекција Балкон“, каде главно се занимавал со критика на глобализмот и со релациите на Македонија со овие земји и култури. Книгата „Јас Птоломеј МКД и Н.В. Ништото“ (издадена во 2009) се смета за едно од најконтроверзните изданија на Павлески.
Изложби
уреди- Самостојни изложби:
- 2007 година: Нови Сад (Србија), Мали Ликовни Салон
- 2006 година: Скопје, Музеј на современа уметност, Скопје/Мала Станица (заедно со Т. Аџиевски)
- 2003 година: Скопје, Јавен културен центар ТОЧКА (заедно со Т. Аџиевски)
- 2000 година: Букурешт (Романија), Музеј на Романската литература
- 1998 година: Скопје, Музеј на Град Скопје
- 1997 година: Њујорк (САД), La MaMa Gallery (заедно со Ж. Вангели)
- Групни изложби
- 2006 година: Скопје, „Широко отворени очи“, Национална галерија; Хамбург (Германија), Кампнагел
- 2005 година: Скопје, „Дијалози – Македонската уметност денес“, Национална галерија; претходно излагана во Подгорица (СЦГ), Париз (Франција), Рим (Италија),
- 2003 година: Скопје, „Концептуален дискурс“, Музеј на современа уметност, Скопје
- 2002 година: Скопје, „Опасни врски“, Музеј на современа уметност, Скопје; Охрид, Куќа на Робевци и Уранија
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Павлески“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1102. Text "series " ignored (help)