Јован Шумковски
македонски сликар
Јован Шумковски (18 јануари 1962 во Скопје) — македонски сликар и универзитетски професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.[1]
Јован Шумковски | ||
Роден | 18 јануари 1962 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар |
Шумковски е значаен за промените во македонската уметност во постмодернизмот.
Животопис
уредиДипломирал во 1986 година, а магистрирал во 1999 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Самостојно излагал во Скопје, Белград, Брисел, Њујорк и Стокхолм.
Учествувал на биеналето во Саун Пауло во 1994 година и во Венеција во 2001 година.
Во сликите, објектите и инсталациите го практикува методот на деконструкција на моделите и на значењата на јазикот на модерната уметност.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шумка“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1666. Text "series " ignored (help)