Станко Илија Која
Станко Илија Која (Гиновец, Голо Брдо, Албанија, 5 мај 1889 – Голо Брдо, 1941) — македонски деец од Албанија и свештеник.[1]
Поп Станко Илија Која | ||
Роден | 1896 Гиновец, Голо Брдо, денес Албанија | |
---|---|---|
Починал | 1941 Голо Брдо, Албанија | |
Занимање | свештеник |
Животопис
уредиПоп Станко е роден е во 1896 година во Гиновец, област Голо Брдо во Албанија. По завршувањето на училиштето, служел 3 години како поп во областа Шпат, Елбасан. После заминувањето од Елбасан се вратил во областа Голо Брдо каде служел како поп до крајот на животот. Во времето кога служел како поп во родното место Гиновец, во областа Голо Брдо многупати добивал закани за по неговиот живот, но тој ревносно ја исполнувал својата света должност. Според сеќавањето на неговите соселани, „еден ден вторник, тргнал од Гиновец за Врбница да крштева дете По патот 3 лица го нападнале од заседа и го убиле“. Причината за овој грозен чин била што попот, Станко Илиа Која, ја ширел православната религија кај Македонците во областа Голо Брдо. Така, почитуваниот отец на Македонците од Голо Брдо, починал во 1941 година, на 45 години восраст, оставајќи ги неговата сопруга и двете деца. Голема била загубата и за православните верници и негови почитувачи од Голо Брдо. Двајца од убијците биле погубени од страна на државата во Пискупија (Пешкопеја), еден од нив од страв од одмазда манифестирал психички пореметувања и умрел во болница за душевни болести.
Години подоцна, пожар го зафатил селото Гиновец, но неговата црква „Св. Никола“, каде тој служел, пожарот не ја зафатил. Според селаните нешто подоцна непознати лица ја запалиле црквата. По падот на комунистичкиот режимот на Енвер Хоџа, Македонците од Голо Брдо ја обновиле црквата.
Наводи
уреди„Станко Илија Која“ на Ризницата ? |