Стадион Рујевица
Стадион Рујевица (официјално име: Стадион ХНК Риека) — стадион кој се наоѓа во Риека, Хрватска[2][3]. Стадионот честопати се нарекува Рујевица според неговата местоположба. Од август 2015 година, стадионот е привремен дом за ФК Риека поради изградбата на новиот стадион Кантрида. Стадионот е дел од тренинг кампот што го користи младинската академија на клубот, која вклучува четири дополнителни терени. Откако ќе се изгради новиот стадион Кантрида, Рујевица ќе се користи за тренинг на клубот[4].
Стадион ХНК Риека | |
---|---|
Место | Риека, Хрватска |
Отворен | 2 август 2015 |
Проширен | јули 2017 |
Сопственик | ФК Риека |
Оператор | HNK Rijeka |
Подлога | хибридна трева |
Игра | ФК Риека |
Гледачи | 8,279[1] |
Градба
уредиИзградбата на центарот започнала на 15 септември 2014 година и проектот бил финансиран од сопствениците на ФК Риека[5]. На 28 јули 2015 година на стадионот му била издадена дозвола од хрватските фудбалски власти[6]. Официјално бил отворен на 2 август 2015 година со победата на Риека против НК Локомотива. Марин Леовац го постигнал првиот гол[7].
Проширување
уредиВо јануари и ноември 2016 година, претседателот на клубор, Дамир Мишковиќ изјавил дека северната трибина може да биде изградена за да се усогласи со условите кои ги бара УЕФА за одржување на натпревари од групните фази на Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа со минимална сместивост од 8.000 гледачи[8][9]. Изградбата на северната трибина започнала на 11 мај 2017 година[10]. Изградбата била завршена на 21 јули 2017 година, зголемувајќи ја вкупната сместивост на стадионот од 6,039 до 8,279[11]. Сместивост по сектор
Четири сектори придонесуваат за вкупната сместивост за седење од 8.279:
- Сектор И (исток): 2.852
- Сектор З (запад): 2.775 (вклучувајќи ВИП сектор)
- Сектор С (север): 2.240
- Сектор Ј (југ): 412 (сектор за поддршка на гостите)
Посетеност во домашната лига
уредиSeason | Вкупно | Најголема | Најмала | Просечно |
---|---|---|---|---|
2015–16 | 71,682 | 5,776 | 2,522 | 4,217 |
2016–17 | 85,628 | 6,004 | 3,022 | 4,757 |
2017–18 | 80,262 | 7,258 | 3,022 | 4,721 |
Наводи
уреди- ↑ „Stadion HNK Rijeka“. Soccerway. Посетено на 11 August 2017.
- ↑ „Rijekaprojekt-energetika, energy certificates for buildings, design and projects“. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „Ovako će izgledati novi stadion na Rujevici?“ (хрватски). Rijeka Danas. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „Stadion Kantrida » Training camp“. Архивирано од изворникот на 2018-04-08. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „Stadion Kantrida » Preparatory works started“. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „HNK Rijeka – Stadionu HNK Rijeka uporabna dozvola“ (хрватски). HNK Rijeka. 28 July 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-22. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „Rijeka-Lokomotiva 3-1“. Prvahnl.hr. Посетено на 28 February 2017.
- ↑ Cupać, Damir (14 January 2016). „Rujevica dobiva sjevernu tribinu, u klubu tvrde: 'Ne odustajemo od Kantride, to je zbog euro susreta'“ (хрватски). Novi List. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „Mišković: Uložili smo 50 milijuna eura u Rijeku, a sad želimo Ćorića“ (хрватски). Goal.com. 2 November 2016. Посетено на 4 November 2016.
- ↑ „Počeli radovi na izgradnji sjeverne tribine stadiona HNK Rijeka“ (хрватски). HNK Rijeka. 11 May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 12 May 2017.
- ↑ „Dovršena sjeverna tribina stadiona HNK Rijeka“ (хрватски). HNK Rijeka. 21 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 22 July 2017.