Српска окупација на Албанија
Српската окупација на Албанија се одвивала од ноември 1912 до август 1913 година. Од некои населби во Албанија, српската армија се повлела во 1920 година.[1][2]
Во Првата балканска војна, Србија, Црна Гора и Грција заеднички го нападнале Османлиското царство и во следните неколку месеци ги поделиле сите територии од царството, кои биле населени со Албанци.[3] Кралството Србија го окупирало поголемиот дел од територијата на Албанија, заземајќи поголем дел од јадранскиот брег на Албанија.
За време на окупацијата се извршени многу злосторства против албанското население со цел целосно да се промени етничкиот карактер на населението коешто живеело на тие простори.[3] Според Коста Новаковиќ, вкупниот број на жртви за време на окупацијата во сите албански области под српска окупација е проценет на околу 120.000 Албанци од двата пола и на сите возрасти.[4] Српската влада, официјално ги негирала поголемиот дел од извештаите за воени злосторства.[5]
Под силен меѓународен притисок, балкански соседи, во средината на 1913 биле принудени да се повлечат од територијата на меѓународно признатата држава Албанија. Во новата држава, Кнжежеството Албанија била вклучена само половина од територијата населена со етнички Албанци, а останатите територии населени со Албанци биле дел од соседните земји.[6] По војната, Косово било составен дел на Србија.
Овие настани значително придонеле за развој на српско-албанскиот конфликт.[7]
Наводи
уреди- ↑ Otpor okupaciji i modernizaciji
- ↑ „Expulsions Of Albanians and Colonisation of Kosova II“. Архивирано од изворникот на 2006-10-31. Посетено на 2009-12-07.
- ↑ 3,0 3,1 Report of the International Commission to Inquire into the Causes and Conduct of the Balkan War
- ↑ „Kosta Novaković, Srbizacija i kolonizacija Kosova“. Архивирано од изворникот на 2013-12-25. Посетено на 2009-12-07.
- ↑ „Leo Freundlich: Albania's Golgotha“. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2009-12-07.
- ↑ „Robert Elsie, The Conference of London 1913“. Архивирано од изворникот на 2011-02-11. Посетено на 2009-12-07.
- ↑ Димитрије Туцовић, Србија и Арбанија. Један прилог критици завојевачке политике српске буржоазије, Београд 1914.