Среден пескар
Возрасна единка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Блатарки
Род: Charadrius
Вид: Среден пескар
Научен назив
Charadrius hiaticula
Linnaeus, 1758

Средниот пескар или средниот свиркач (научCharadrius hiaticula) — мала блатна птица. Живее во отворени простори, на крајбрежјата, плажите или низините во близина на вода, низ северна Евроазија и северна Канада. Некои птици живеат во копното на западна Европа и гнездат до северна Франција. Оваа птица ја има и во Македонија.

Опис

уреди

Возрасните средни пескари се долги 17-19 см, со распон на крилјата од 35 до 41 см. Имаат сивокафеав грб и крилја, бел стомак, бели гради и една црна линија преку нив. Имаат кафеава капа, бело чело, црна маска преку очите и краток портокалово-црн клун. Нозете му се портокалови и само двата прста му се малку споени со ципа. Младенчињата се посветли од возрасните, често со нецелосна сивокафеава линија на вратот, темен клун и матно жолтеникавосиви нозе.

 
Младенче
 
Возрасен среден пескар со црвенонога тринга зад него
 
Возрасен
 
Јајце
 
Парење

Овој вид се разликува од помалиот мал пескар по бојата на нозете, декорацијата на главата и недостатокот на жолт прстен околу очите.

Поведение

уреди

Средниот пескар живее крај слатки води, на отворени места, во постудените делови од Земјата. Таа е птица преселница која зимува во Африка. Но, распространетоста ѝ се проширува и во поумерените краишта каде е постојан жител преку целата година, како на пример во Велика Британија и северна Франција.

Гнездото го поставува на земја, на отворен простор без заштита од растенија. Ако потенцијален грабливец се приближи до гнездото, возрасниот ќе се оддалечи, обидувајќи се да го привлече вниманието и глуми дека има скршено крило. Се разбира, кога натрапникот ќе биде доволно далеку од гнездото, птицата ќе одлета и избега.

Се храни пасејќи на бреговите, најчесто со инсекти, ракчиња и црви.

Подвидови

уреди

Постојат три слабо дефинирани подвида, кои варираат во големината и бојата на мантијата, а се спојуваат каде им се преклопуваат живеалиштата:

  • Charadrius hiaticula hiaticula - се размножува во умерена западна Европа, северно до централна Скандинавија; постојан жител или преселница на кратки растојанија до југозападна Европа. Најголем и најсветол подвид;
  • Charadrius hiaticula psammodroma - се размножува во Исланд, Гренланд и северна Канада; зимува во западна Африка. Среден по големина и боја;
  • Charadrius hiaticula tundrae - се размножува во арктичка северна Скандинавија и Азија; зимува во Африка и југозападна Азија. Најмал и најтемен подвид.

На подвидовите C. h. hiaticula и C. h. tundrae се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Charadrius hiaticula. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски

уреди