Спортски парк Домжале

Спортски Парк Домжале (словенечки: Športni park Domžale) — фудбалски стадион во Домжале, Словенија. На него игра фудбалскиот клуб Домжале. Стадионот, кој е изграден во 1948 година, моментално собира 3.100 гледачи. Стадионот бил реновиран и модернизиран во 1997 и 1999 година. Во јуни 2006 година стадионот доби рефлектори, монтирани на четири бетонски кули и поставени на секој агол од стадионот.[1]

Спортски Парк Домжале
Место Домжале, Словенија
Отворен 1948
Реновиран 1976, 1997, 1999, 2004, 2006
Проширен 2003-2004
Сопственик Општина Домжале
Подлога трева
Игра НК Домжале
Гледачи 3.100

НаводиУреди

  1. Uredništvo (2006-05-31). „Domžalski stadion z novo razsvetljavo“. old.delo.si (словенечки). Посетено на 2022-02-23.