Општина Домжале
Општина Домжале (словенечки: Občina Domžale — општина во средна Словенија. Во 2020 г. населението броело 36.648 жители.[1] Седиште на општината е градот Домжале.
Општина Домжале Občina Domžale | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба на општината | ||
Земја | Словенија | |
Управа | ||
• Градоначалник | Рената Косец | |
Површина | ||
• Вкупна | 72,3 км2 (279 ми2) | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 36.648 | |
• Густина | 51/км2 (130/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Повик. бр. | 01 | |
Мреж. место | domzale.si |
Географија
уредиОпштината лежи близу подножјето на Камничките Алпи и низ неа тече реката Камнишка Бистрица која извира од тие планини. Пределите се одликуваат со шумовити ридови и обработливи низини.
Населени места
уредиОпштината ги опфаќа следниве населени места:
- Бишче
- Брдо
- Брезје кај Доб
- Брезовица кај Доб
- Вир
- Горичица кај Ихан
- Горјуша
- Депала Вас
- Доб
- Добовље
- Долење
- Домжале
- Драгомељ
- Жеје
- Желодник
- Жиче
- Заборшт
- Загорица кај Рова
- Залог под Света Тројица
- Згорње Јарше
- Ихан
- Јасен
- Кокошње
- Количево
- Коловец
- Кртина
- Лазе кај Домжале
- Мала Лока
- Ножице
- Подречје
- Прелог
- Пресерје кај Радомље
- Пшата
- Радомље
- Рача
- Рачни Врх
- Рова
- Родица
- Света Тројица
- Село кај Ихан
- Сподње Јарше
- Средње Јарше
- Студенец кај Кртина
- Турнше
- Хомец
- Худо
- Чешеник
- Шентпавел кај Домжале
- Шкоцјан
- Шкрјанчево
Историја
уредиВо месноста Бабја Јама кај селото Горјуша се пронајдени остатоци од живеалиште на ловец од леденото време, старо 15.000 години. Постојат и археолошки наоди од илирски и келтски населби од предримско време. Римските наоди датираат од времето на патот кој ги поврзувал Аквилеја, Емона (денешна Љубљана и Целеја (денешно Целје). Подрачјето за првпат се споменува во документите во XII век. Месниот благородник Адам Равбар, поседник на замокот Крумперк, извојувал победа во Битката кај Сисак во 1593 г. поразувајќи ја османлиската војна. Стопанскиот развој се забрзал во XIX век со индустријализацијата на месниот занает сламарство.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
Надворешни врски
уреди- Општина Домжале на Ризницата ?
- Портал на Општина Домжале (словенечки)
- Општина Домжале на Геопедија