РК Охрид
ГРК Охрид — ракометен клуб од Охрид, Македонија, кој моментално се натпреварува во македонската супер лига.
ГРК Охрид | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Градски Ракометен Клуб Охрид 2013 | ||
Основан | 2011 | ||
Игралиште | Сала Билјанини Извори | ||
Приемност | 3,500 | ||
Престедател | Игор Бежоски | ||
Главен тренер | Горан Андоновски | ||
Лига | Супер Лига на Македонија | ||
2021/22 | 6. место (2021/22) | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Историја
уредиГРК Охрид е основан во 2011 година. Клубот за прв пат влегол во македонската супер лига во сезоната 2013/14, и во својата премиерна сезона завршил на седмото место во регуларниот дел од сезоната и на второто место во плеј-аут разигрувањето.
Во сезоната 2016/17, ГРК Охрид го освоил првото место на табелата во регуларниот дел од супер лигата, а во плеј-оф разигрувањето го освоиле третото место, зад Вардар и Металург, со што обезбедиле премиерно учество во европските натпреварувања.
Во сезоната 2017/18, ГРК Охрид премиерно учествувал во ЕХФ Купот.[1] Во првото квалификациско коло ГРК Охрид бил подобар од холандскиот тим Фолендам,[2] а во второто коло бил поразен од португалскиот тим Порто.
Моментален состав
уреди- Состав за сезоната 2022–23
|
|
Наводи
уреди- ↑ „HC Ohrid 2013“. eurohandball.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 23 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Охрид преку Фолендам до второто коло во ЕХФ Купот! Архивирано на 3 септември 2022 г. mkd.mk; 3 септември 2017