Спиро Кубуровски
Спиро Кубуровски (Косинец, 24 октомври 1940 - Скопје, 9 април 1999) - помалку-познат македонски уметник од Егејска Македонија кој бил активен во втората половина од 20-тиот век. Живеел во Скопје во поголемиот дел од неговиот живот.
Животопис
уредиТој бил роден на 24 октомври 1940 година во с. Косинец, Костурско (грч. Ιεροπηγή, Јеропиги). Бил еден од повеќето деца на Ристо и Трпа Кубуровски. Во неговото детство избегал заедно со семејството во НР Македонија, тогаш дел од Југославија поради истерувањето и геноцидот на Егејските Македонски деца (познати како децата-бегалци) и нивните семејства од поради што дел од нив ги подржувале грчките комунисти во Грчката граѓанска војна. Во околу 60-тите години од 20-тиот век се запишал во Белградски факултет за уметност каде што учел некое време, кога потоа се преселил во с. Мралино, Скопско. Починал на 9 април 1999 година на 58-годишна возраст од срцев удар и други компликации.
Кариера
уредиТој е познат по своите апстрактни слики, кои се изложуваат во многу земји низ светот. Кубуровски работел и како професор на Академијата за уметности во Скопје. Во неговите дела може да се забележи употребата на јаки бои и абстрактни форми.
Уметнички Дела
уредиДруго
уредиТој бил оженет со Милка Тричковска и имал две ќерки близначки, Билјана и Наташа, родени во 1978 година. Изградил куќа во Мралино во првата половина од 70-тите години од 20-тиот век.