Спиро Костов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, учествувал во Македонското востание, обединувањето на Источна Румелија со Кнежевство Бугарија, Српско-бугарската војна, Мелничкото востание и Првата балканска војна.

Животопис

уреди
 
Дејци на БРТЦК, Пловдив, летото на 1885 г. Седнати, од лево кон десно: Антон Мумџиев, Тодор Гатев, Продај Тишков, Захариј Стојанов, Иван Андонов, Иван Арабаџијата , непознат. Втор ред седати, од лево кон десно: Иван Стојановиќ и Ангел Чолаков. Исправени, од лево кон десно: Неделка Шилева, Спиро Костов, Димитар Ризов, Петар Зографски, Коста Паница, Спас Турчев.

Костов е роден во 1848 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. Емигрира во Романија, каде што влегува во редовите на револуционерната емиграција. Работи во печатницата на Љубен Каравелов. Во 1876 година е доброволец во Српско-турската војна во батаљоните на генерал Михаил Чернјаев. При избувнувањето на Руско-турската војна во 1877 година е доброволец во Бугарското ополчение. Се борел на Шипка.

По Берлинскиот конгрес учествува во Македонското востание како војвода на чета. Во 1884 година со помош на Костов и Владимир Кусев, Пере Тошев во Станимака организира револуционерен комитет за ослободување на Македонија и Одринско наречен подоцна Бугарски Таен Централен Револуционерен Комитет.

Костов е главен двигател за основањето на БТЦРК на 10 февруари 1885 година. Костов е назначен за екзекутор на сите одлуки на Пловдивски централен комитет и началник на тајната комитетска полиција. На 18 мај 1885 година е уапсен од страна на властите како организатор на прославата во чест на Христо Ботев. По ослободувањето зема учество во подготовките за обединување на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија, како заедно со 30 востаници ја презел околиската управа во Старо Ново Село.

Во Српско-бугарска војна е на чело на доброволечка чета, која влегува во Бојковската единица на поручникот Ангел Карауланов. Подоцна бил командант на чета во единици на капетанот Коста Паница. Меѓу 1881 - 1891 година е командант на Софиските противпожарна команда. Заедно со Александар Шумков го издава списанието "Пожарникар", од кое излегуваат три книги.

Во Мелничкото востание на Македонскиот комитет во 1895 година е војвода на чета во одредот "Пирин Планина". Во Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение. Подоцна е член - основач на Македонскиот научен институт[1].

Извори

уреди