Коста Паница
Костадин (Коста) Атанасов Паница (1857-1890) бил армиски офицер и мајор во бугарската армија. Учесник во бунтови и востанија против отоманската власт во Бугарија и Србија, организатор на македонското иселеништво во Бугарија, доброволец во Српско-турската војна (1876-1878 г.), Руско-турската војна (1877-1878) и Српско-бугарската војна (1885).
Коста Паница | ||
Роден | 12 март 1857 Трново, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни 1890 Софија, Бугарија |
Коста Паница е роден во Трново, северна Бугарија, во 1857 г. Потеклото му е од трновското село Дебелец.[1][2] Кон 1690 година неговите предци живееле во Дебелец, а околу средината на 18 век, се преселиле во Трново. Неговиот татко Атанас Николов (1802-1872) е роден во Трново. Атанас бил трговец и имал два бракови. Неговата прва жена Мариола умрела млада и од неа останале 4 деца. Од неговиот втор брак со сосетката му Венета се родиле Коста и уште две деца.[3] Таткото Атанас не употребувал прекарот на неговиот дедо, хаџи Георги Димитров - "Паница" како презиме, но некои од неговите деца го прифатиле подоцна името Паница. Меѓу нив бил и Коста.
Историчарот од Оксфордскиот универзитет Ричард Џ. Кремптон, во своите трудови вели дека Мајор Паница исто така имал и македонско потекло[4][5]. И Исаија Мажовски, современик на Мајор Паница, во своите Спомени го вбројува Паница меѓу македонските офицери, што исто така укажува на неговото делумно македонско потекло[6].
Учествува во Априлското востание (1876). По неуспехот на востанието пребегнува во Романија и Украина. Го посетува Военото училиште во Одесса (1875-1876).[7] Доброволец е во Српско-турската војна во одредот на генерал-мајор Черњаев. На 21 октомври 1876 г. пристапува во Руската армија, во VI-а дружина на III-а Ополченска бригада. Борбите се кај Стара Загора и превалецот Шипка. Награден е за храброст и унапреден во повисок чин - подпоручник. Во 1878 г. Паница, заедно со Љубен Каравелов, Марко Балабанов, Рајчо Николов, Георги и Никола Живкови и други зема учество во работата на комитетот „Единство", чијашто цел е да се помагаат бугарските бегалци од Тракија и Македонците бегалци.
3а време на Македонското Кресненско-Разлошко Востание (1878-1879), Коста Паница е задолжен за собирање пари, купување оружје и прибирање доброволци. По задушувањето на востанието во мај 1879 г. Паница е на служба во воената милиција во Источна Румелија, па заминува во Санкт Петербург, каде во меѓувреме ја завршува Санктпетербуршката Воена академија. Во мај 1884 г. се враќа во Кнежевството Бугарија, во Русе, каде следи унапредувањето во чин на Капетан.
На 27 декември истата година, Паница повторно се јавува како основач и организатор на здружение на Македонци иселеници, наречено „Александар Македонски“ во Русе.[8]
3а време на Српско-бугарската војна (1885) командува со Смолчанскиот партизански одред[9], во којшто влегуваат стотици доброволци от Македонија. По војната, во 1886 станува претседател на Македонскиот револуционен комитет „Искра“ [10]. Кратко потоа влегува и во високата, државна политика на Бугарија. 3а време на превратот против кнез Александар I Батенберг (9 август 1886 г.) и по повлекувањето на кнезот, игра значајна ролја во државната политиката, претседател е на Воениот суд. Откако кнез Фердинанд I доаѓа на бугарскиот престол, Паница го смета за узурпатор. Коста Паница влегува во конфликт и со својот соработник, и многу често истомисленик Стефан Стамболов, поради македонското прашање.
3а време на Српско-бугарската војна, одредот на Мајор Паница наречен „Македонски арамии“ е составен дел од Бугарската армија[11], со надеж дека бугарската држава и армија ќе помогне Македонија да се ослободи од турскиот јарем. Тогаш, но и по војната, намерите на Паница, и пред сè на неговите потчинети, како и на сите родољубиви Македонци, биле искрени и благородни. Од друга страна пак, приоритет на бугарскиот премиер Стефан Стамболов му биле личните амбиции и кариерата, којашто меѓу другото, ја градел неретко и злоупотребувајќи го македонското прашање. Во една прилика, во врска со ослободувањето на Македонија тој изјавил:
- „Не треба ние да ослободуваме ниеден народ; народите треба да се ослободат сами или да загинат (исчезнат).“ [12][13]
Тука се случува и кулминацијата во кавгата и непријателството меѓу некогашните блиски пријатели Стамболов и Паница, коешто можеби било делумно и лично, и траело неколку години. На 21 јануари 1890 година, мајор Коста Паница е обвинет за заговор за убиство на кнезот Фердинанд и премиерот Стамболов. Осуден е како главен организатор. Погубен е на 16 јуни 1890.
„Македонските арамии“ решаваат да се одмаздат. Во 1891 г. Михаил Ставрев се поврзува со Крсто Ножаров, и со браќата Наум, Никола и Димитар (Денчо) Туфекчиеви и учествува во обидот за убиството на Стамболов, при што по грешка е убиен министерот за финансии Христо Белчев. На 3 јули 1895 година во Софија, при нов атентат, повторно организиран од Наум Туфекчиев, заедно со неколкумина други македонски националисти, Стамболов конечно е убиен. Ставрев е физичкиот убиец.
Тодор Паница, “Санданист” и македонски национален деец, е внук на мајор Коста Паница.
Наводи
уреди- ↑ Историјата на родот на Паница датира уште од пред 1700 година. Дедиње му биле многу строги и опишале целата негова историја. "Ги чувам некои стари бумаги, таму сè е напишано на многу стара хартија, со специјално мастило, најверојатно со перо. За тоа којшто има работено со што се занимавал, кој со кого бил партнер, и конечно причината за смртта на секој ", раскажува д-р Паница. Презимето му тргнува од периодот 1690-1710 година. Тогаш неговите предци живееле во Великотрновското село Дебелец. Васил Паница: Род без памет е род без иднина, Екатерина Терзиева, в-к “Сега”, 15.12.2006 г.
- ↑ Паница, броен род, кој продолжува да дава видни личности. Историјата на родот започнува околу средината на 18 век, кога Димитар (овчар или орач) од селото Дебелец се преселува во Трново. Кой кой е сред българите ХV-ХIХ в: 501 имена от епохата на османското владичество, Илия Тодев, Издател Анубис, 2000, стр. 205.
- ↑ Военно-исторически сборник, том 37, Институт за военна история, 1968 г., стр. 41.
- ↑ R. J. Crampton: A Short History of Modern Bulgaria (1987) , p. 34
- ↑ “Major Kosta Panitsa, a talented but flamboyant young officer of Macedonian origin.”: R. J. Crampton: A Concise History of Bulgaria (Cambridge Concise Histories), 2005 , p. 105
- ↑ Исаија Радев Мажовски: "Възпоминания", Софија, 1922 г., стр. 30
- ↑ “Освободителната война 1877-1878”, ДИ "П.Берон", Софија, 1986, стр. 127
- ↑ Коста Шахов, “ЕДНО ОСВЕТЛЕНИЕ ПО НАШИТЕ РАБОТИ”, стр. 40
- ↑ Јордан Венедиков, “История на доброволците в Сръбско-българската война”. Софиja, 1935, стр. 138-143
- ↑ Исаија Мажовски, "ВОЗПОМИНАНИЈА", Софија, 1922 г., стр. 28
- ↑ Стефан Цанев, „Български хроники“, (том 3 - История на нашия народ от 1878 до 1943 г.), 2008, стр 105.
- ↑ Стефан Цанев, „Български хроники“, (том 3 - История на нашия народ от 1878 до 1943 г.), 2008, стр 106.
- ↑ Рихард фон Мах, „Из българските бурни времена", 1929 г.