Превртено (филм)

филм

Превртено — македонски игран филм во режија на Игор Иванов Изи,[1] по сценарио на Венко Андоновски и Игор Иванов Изи,[1] според вториот дел од романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски. Филмот е во продукција на Сектор филм Скопје,[1] Меинфрејм продукција Загреб и Синеарс Белград. Продуценти на филмот се Владимир Анастасов и Игор А. Нола, кинематографер е Томи Салковски, а музиката ја потпишува Зоран Спасовски. Во филмот се користат и песни од легендарната скопска панк група Бадмингтонс. Во филмот учествуваат: Гоце Тодоровски, Јовица Михајловски, Петар Мирчевски, Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Јордан Симонов, Инес Бојаниќ, Марија Кондовска, Наџи Шабан и Ѓорѓи Јолевски.[1] Превртено бил премиерно прикажан на фестивалот во Карлови Вари 2007 година.

Наводи уреди