Пиерија

појаснителна страница

Пиерија — област во древна Долна Македонија што го опфаќала тесниот приморски појас по должината на Термајскиот Залив, од утоката на Пенеј на југ, до устието на Халијакмон (Бистрица) на север, а на запад до планините Олимп и Шапка (наречена Пиерија). Била населена со племето Пиери, а нејзин епоним е Пиер, синот на Македон[1]. Птоломеј и Страбон под Пиерија го подразбираат целото приморје до Аксиј. Позната е како света област и татковина на музите, каде што паселе светите крави на Аполон украдени од малиот Хермес. Имала развиен градски живот со голем број градови како: Метона, Пидна, Пимплеја, Лејбетра, Хераклеон, Фила и др[2]. Во Пиерија се наоѓал и светиот град на МакедонцитеДион.[3]

По областа е именуван и денешниот округ Пиерија во Егејска Македонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Titi Livi, Ab urbe condita libri, Lipsiae, 1906
  2. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957
  3. Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004