Ана Каренина (филм од 2012)

Ана Каренина (англиски: Anna Karenina) - британски филм од 2012 година, во режија на Џо Рајт според сценариото на Том Стопард. Главните улоги ги играат: Кира Најтли, Џад Ло, Арон Тејлор-Џонсон, Метју Мекфејден, Кели Мекдоналд итн. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Толстој. Критичарите имале поделени оцени за филмот, но сепак, тој бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории при што победил во категоријата за костимографија. Исто така, филмот имал и четири номинации за наградите БАФТА.[1]

Содржина уреди

Дејството во филмот се одвива во 1870-тите. Ана (ја игра Најтли) е во брак со благородникот Алексеј Каренин (го игра Ло) со кого има две деца. Таа го запознава младиот коњички офицер Вронски (го игра Тејлор-Џонсон) и двајцата се вљубуваат еден во друг, иако на почетокот таа не сака да ја прифати љубовта. Но, подоцна, Ана решава да ги прифати општествените последици од нејзината одлука да го изневери сопругот...[2]

„Ана Каренина“ ја одбележа третата соработка на Најтли со режисерот Џо Рајт и дебитираше заедно со Тејлор-Џонсон.

Наводи уреди