Арон Тејлор-Џонсон
Арон Тејлор-Џонсон (роден Арон Пери Џонсон;[1] 13 јуни 1990 г.)[2][3] — англиски глумец, најпознат по главната улога во суперхеројските филмови Фајтер и Фајтер 2 и по улогата на Квиксилвер во Одмаздници 2: Ерата на Ултрон (2015).
Арон Тејлор-Џонсон | |
---|---|
Тејлор-Џонсон во 2014 година | |
Роден(а) | Арон Пери Џонсон 13 јуни 1990 Хај Виком, Англија |
Националност | Британец |
Други имиња | Арон Џонсон |
Занимање | Глумец |
Активен период | 2001–сè уште |
Сопружник | Сем Тејлор-Џонсон (в. 2012) |
Деца | 4 |
Тејлор-Џонсон започнал да глуми на шестгодишна возраст и имал улоги во филмови како Шангајски витези (2003), Илузионист (2006) и Ангус, танги и совршени бакнежи (2008). Тој направил пробив со улогата во биографскиот филм за Џон Ленон насловен Момче од никаде (2009). Тој го глумел Бен во криминалниот трилер Дивјаци (2012), рускиот гроф Вронски во Ана Каренина (2012) и потполковникот Броди во Годзила (2014). За улогата на скитникот психопат Реј Маркус во трилерот Ноќни животни (2016), режиран од Том Форд, тој освоил „Златен глобус“ за најдобар спореден глумец и бил номиниран за наградата БАФТА за најдобар глумец во споредна улога.
Тој претходно бил потпишуван како Арон Џонсон, но тој законски го променил своето презиме во 2013 година откако се венчал со режисерката Сем Тејлор-Вуд.[4]
Наводи
уреди- ↑ Births, Marriages & Deaths Index of England & Wales, 1916-2005.; at ancestry.com
- ↑ Gray, Sadie. „The Times: Entertainment“. London: Entertainment.timesonline.co.uk. Посетено на 26 October 2011.
- ↑ „Aaron Johnso profile“. Uk-tv-guide.com. Архивирано од изворникот на 2013-09-13. Посетено на 26 October 2011.
- ↑ Buchanan, Kyle. „Aaron Johnson, Sam Taylor-Wood Marry“. Vulture. Посетено на 2012-06-23.
Надворешни врски
уреди„Арон Тејлор-Џонсон“ на Ризницата ? |
- Арон Тејлор-Џонсон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)