Бил Хикс: Разлика помеѓу преработките

Американски комичар
Избришана содржина Додадена содржина
Ivica83 (разговор | придонеси)
Нова страница: '''Вилијам Мелвин Хикс''', познат како '''Бил Хикс''' (16 декември, 196126 февруари, 1994), е ...
(нема разлика)

Преработка од 06:22, 29 ноември 2006

Вилијам Мелвин Хикс, познат како Бил Хикс (16 декември, 196126 февруари, 1994), е контроверзен и влијателен американски комичар и сатиричар. Негови најпознати албуми се Arizona Bay (1997) и Rant in E-Minor (1997), и двата објавени постхумно. Како и Лени Брус пред него, Хикс со својот конфронтирачки жив настап ги предизвикува формалните и неформалните видови на цензура и сугерира неповрзаност меѓу вредностите и дејствата на модерните општества, особено во САД, земја за која тој зборува со тон што варира од цинизам до остра критика. Хикс ги карактеризира своите настапи како "Чомски со прљави вицови". Во текот на неговата кариера, Хикс остварува 11 настапи на Доцна ноќе со Дејвид Летерман, со тоа што неговиот 12-ти настап е исечен заради дел од неговите коментари. Хикс често го споредуваат со Лени Брус, Сем Кинисон, Ричард Прајор и Вуди Ален на кој Хикс потсетува во раните години. Хикс настапува низ САД и подоцна, Велика Британија, од 1978 до неговата смрт од рак на панкреас во 1994. Албумот Aenima (1996) на американскиот прог метал бенд Tool е посветен на Бил Хикс.