Цинизам
Цинизам е старогрчка филозофија која се појавила доцна во 5-тиот век пне и постепено опаѓала во популарност по 3-тиот век пне. Поимот потекнува од старогрчкиот збор kynikos - значејќи “како куче” и се користел како навреда за да ги понижи циниците за отфрлање на конвенционалниот начин на живеење во тој период.
Принципи и филозофија
уредиЗа циниците, целта на животот е да се живее во доблест (евдајмонизам), целосно поврзани и во согласност со природата. За тоа да го постигнат, тие ги отфрлаат сите поседи, имот и желби за моќ, богатство или слава.
Тие исто го презентирале својот нихилистички начин на живеење јавно низ градовите и биле рамнодушни кон навредите кои биле насочени накај нив.
За нивен симбол го преземале кучето, а за нивен херој го преземале Херакле (или Херкулес). Тоа било главно поврзано со како бил претставен во старогрчката митологија, како и со еден од 12-те трудови - земањето на Кербер од подземјето.
Познати претставници
уредиДиоген
уредиДиоген од Синопа, ученик на Антистен, е претставникот на цинизам во старогрчката филозофија. Водејки се од примерот на Хераклит, верувал дека преку акција требал да ги покаже ставовите во кој верувал, а не само теоретски преку говор. Поради оваа причина, тој имал карактеристочно специфичен стил на живот. Имено, живеел во големо керамичко буре на улица, поседувајќи ништо освен партали за облека.
Историска промена во значењето на поимот циник
уредиЦинизам во модерен контекст претставува став на генерална недоверба на мотивите на други луѓе, недостаток на верба или надеж. Исто може да значи мотивираност од алчност, амбиција и материјализам (што драстично се разликува од оригиналното значење на поимот).