Капан ан: Разлика помеѓу преработките

ан во Скопје, Македонија
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 03:48, 19 септември 2006

Капан ан е конак во старата скопска чаршија во Скопје изграден е во средината на XV век. Негов ктитор бил Иса-бег, војвода и командант на Скопското краиште. Како ан функционирал сè до Втората Светска војна.

Податотека:Kapan-plan.jpg
Надолжен пресек на Капан ан - А. Влез Б. Внатрешен двор В. Трем Г. Чардак

Капан ан е тип на градски ан. Името го добил спред големиот јавен кантар (арапски: kabban) кој бил сместен во анот или пред неговите порти и на кој била мерена увезената стока.

Неговата површина изнесува 1,086 м². Анот има два влеза, приземје и кат. Има вкупно 44 простории кои служеле за сместување на патниците и трговците со нивните карвани. Шталата за добитокот се наоѓала на источната страна на анот. Делот од чаршијата околу анот била наречена Капан чаршија, а чешмата пред неговиот влез Капан чешма.

По земјотресот од 1963 година, целосно е обновен во 1971-1973 Денес во него се сместени занаетчии, трговци и угостители.