Спасе Мазенковски

Спасе Мазенковски (Леска, Горичко, Албанија, 2 септември 1953 - Леска, 30 мај 2018) — албански и македонски писател, новинар и публицист и еден од најголемите поборци за правата на Македонците во Албанија.

Спасе Мазенковски
Роден(а)2 септември 1953
Леска, Горичко,  Албанија
Починал(а)30 мај 2018
Леска, Горичко,  Албанија
Занимањеписател, новинар и публицист

Животопис

уреди

Мазенковски е роден на 2 септември 1953 година во селото Леска, Мала Преспа во Албанија. Гимназија и средно економско училиште завршил во Горица и Либражд. Од излегувањето на весникот „Преспа“ тој е главен уредник. Постојано објавувал песни, раскази, различни текствови, а е автор и на збирката песни „Преспо моја, разнобојна китка“. Основач и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа”, основач и Главен уредник на весникот „Преспа”, основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и учесник во сите активности на Македонците во Албанија од 1990 година.

Спасе Мазенковски на македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, разкази и репотажи „Преспа моја”, „Разбојна китка”, „Торбулетот на татко ми”, „Преспанска убавица”, „Лабид и Преспана”, „Рѓосани бисери”[1], „Историја на македонскиот народ во Албанија”[2]. На албански јазик ја има објавено книгата „Историја на македонскиот народ”. Бил член на друштвото на писатели на Македонија и на друштвото на писатели „Новиот Свет” во Албанија. Починал во родното село на 30 мај 2018 година.[3]

Наводи

уреди
  1. "Рѓосани бисери" од Мазенковски. Архивирано од изворникот на 2017-01-24. Посетено на 2018-05-31.
  2. Промовирана книгата “Македонскиот народ во Албанија“ од Спасе Мазенковски[мртва врска]
  3. Почина големиот македонски патриот Спасе Мазенковски. Архивирано од изворникот на 2018-06-19. Посетено на 2018-05-31.