Спасен Каранфиловски
Спасен Станков Каранфиловски ( 1923 во П'клиште, Кривопаланечко — 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиИзраснат е во земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште, се занимавал со земјоделство. На 1 јуни 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во повеќе борби против бугарскиот и германскиот фашистички окупатор. Учествувал во успешниот напад на бригадата на затворот во Идризово за ослободување на политичките затвореници, потоа во борбите против Германците и нивните транспортни возови на железничката линија Скопје - Велес. Кон крајот на октомври 1944 година, во една борба против балистите, на теренот покрај Треска, храбро загинал. Бил закопан на местото на загинувањето.[1]