Софија Ковачевска
Софија Ковачевска родена Тамбовска ( 1930 во Косинец, Егејска Македонија, Грција — ) — борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]
Софија Ковачевска | ||
Родена | 1930 Косинец, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на Грција | |
---|---|---|
Занимање | улесник во ДАГ и пејачка |
Животопис
уредиКовачевска е родена во костурското село Косинец како Софија Тамбовска. Нејзиниот татко и двајцата браќа биле учесници во НОБ и грчката граѓанска војна. Таа како членка на ДАГ се приклучува во 1947 година. Со припадниците на ДАГ заминала во Ташкент, СССР, каде го запознава својот иден сопруг, првоборецот Лазо Ковачевски (родум од Смрдеш, Костурско). Потоа заминале да живеат во Полска. Во 1964 година заедно со своите 2 ќерки тие се враќаат конечно во Македонија, но овој пат со Скопје. Во групата Костурчанки членувала од 1979 година.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 56. ISBN 978-86-373-0092-2.
- ↑ Кратка биографија[мртва врска]