Сотир Шундовски
Сотир Шундовски (28 февруари 1933 во Гопеш — 17 март 2002 во Битола) — македонски архитект.[1]
Сотир Шундовски | ||
Роден | 28 февруари 1933 Гопеш, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 17 март 2002 Битола, Македонија | (возр. 69)|
Националност | Македонец | |
Занимање | архитект |
Животопис
уредиДипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград во 1960 година на тема „Околиски и општински одбор на град Битола“.
Се занимавал со архитектонско проектирање, работејќи во повеќе проектантски бироа во Битола. Првото вработување му е во Проектантското биро „Нова градба“ во Битола. Во 1972 година преминува да работи во Заводот за урбанизам и проектирање во Битола, во 1980 година се префрлува во ГП „Пелистер“, а во 1994 година се вработува во Одделот за проектирање и инженеринг, каде го дочекува и своето пензионирање во 1998 година.[2]
Неговиот опус е разновиден. Проектирал повеќе општествени, здравствени и административни згради, од кои позначајни се:
- Општата болница во Битола (1968)
- Основниот суд во Битола (1970)
- Управната зграда на ГП „Пелистер“ (1977)
- Хотелот „Молика“ на Пелистер (1990)
- Трговскиот центар „Санпромет“ во Битола (1997)
Добитник е на Големата награда за архитектура на САМ во 1994 година, за административно-деловниот објект на ГП „Пелистер“ во Битола и повеќе општествени признанија, плакети и пофалници.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шундовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1670. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Сотир Шундовски / 1933 – 2002 – МАРХ“ (англиски). Посетено на 2023-10-12.