Сокол ми лета високо (книга)

македонска народна песна

Сокол ми лета високо — книга на Ѓорѓи Доневски со револуционерна и лирска народна поезија од Егејска Македонијаскиот крај. Книгата е објавена во 1978 година од Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“.[1]

Содржина

уреди

Збирката содржи 125 народни песни, групирани во два циклуса: (36 револуционерни и 89 лирски и други песни).[1]

Осврт кон книгата

уреди

Книгата содржи 192 страници и не е каталогизирана. Таа била испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во Скопје, во тираж од 3.000 примероци, а печатењето било финансирано од Републичката заедница на културата на СР Македонија, СИЗ за култура на град Скопје, ООЗТ Печатница при РО „Нова Македонија“ и Заедницата за научните дејности - Скопје. Автор на корицата е Ставре Димитров, песните ги мелографирал Живко Фирфов, а калиографијата е дело на Ганчо Пајтонџиев.[1] Доневски ги снимил песните во текот на 1971-1973 година, а нив ги испеале: Лета Манева Барџиева, Доста Доневска, Коста Манов и Мара Марковска од Бапчор, Панте Бранов од Буф, Тина Ташева и Марија Гацева од Тресино, Васка Кланџева од Дреновени, Лефтерија Шанковска од Саракиново, Ристо Јовановски од Неготино и женската пејачка група „Костурчанки“.[2] Во својата рецензија, Кирил Пенушлиски истакнува дека собраните материјали претставуваат придонес за македонското творештво и фолклористика и дека збирката отвора нови видици за народното творештво од регионите кои се помалку застапени во објавените песни.[3] Слично, и другиот рецензент, Ѓорѓи Смокварски, вели дека, од етномузиколошка смисла, збирката претставува посебен придонес во откривањето на македонската фолклорно-музичка традиција од Егејска Македонија. Притоа, регионалната хетерогеност не ја нарушува стилската чистота и хомогеност.[4] Приредувачот на збирката соопштува дека сите песни во збирката биле снимени и испеани од групите „Бапчорки“, „Воденки“ и „Костурчанки“ во Радио Скопје.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978.
  2. „Пејачи и песни“, во: Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 183-185.
  3. Кирил Пенушлиски, „Придонес за македонското народно творештво“, во: Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 5.
  4. Ѓорѓи Смокварски, „Откривање на дел од фолклорно-музичката традиција“, во: Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 6.
  5. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 7.