Ганчо Пајтонџиев (Велес, 30 јули 1907Скопје, 20 декември 2002) – вежбач во спортска гимнастика, наставник по физичко воспитување и етнокореолог. Член и инструктор на соколски организации (1920–1941). По Втората светска војна, тој членувал во бројни фискултурни сојузи и здруженија, како стручно лице и автор на академски состави и слетски вежби. Како соработник на Институтот за фолклор, снимил преку 7.500 народни творби (10 јануари 1952 – 27 декември 1967), а значајни делови од нив се објавени во трите книги „Македонски народни ора“, во соавторство со Живко Фирфов и самостојно.[1]

Ганчо Пајтонџиев
Роден 30 јули 1907
Велес, Солунски Вилает, Османлиска Империја
Починал 20 декември 2002(2002-12-20) (возр. 95)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање гимнастичар и етнокореолог

Творештво

уреди
  • Македонски народни ора со кореографски знаци и терминологија, Кореографското писмо го составиле и оваа збирка ја уредиле Живко Фирфов и Ганчо Пајтонџиев, Скопје, книгоиздателство „Кочо Рацин“, 1953;
  • Македонски народни ора од Малешевско, Делчевско, Кочанско, Светиниколско, Штипско, Радовишко, Струмичко и Валандовско, книга

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1109. ISBN 978-608-203-024-1.