Ѓорѓи Доневски
Ѓорѓи Доневски (1934, Бапчор, Костурско, Егејска Македонија) - македонски фолклорист, собирач на народни творби и општественик.
Животопис
уредиЃорѓи Доневски е роден во селото Бапчор, во 1934 година. Во 1948 година, за време на Граѓанската војна во Грција, заедно со други деца, пребегал во Југославија, при што бил разделен од неговите родители, браќа и сестри кои пребегале во СССР, Полска и Романија. Своето детство го поминал во Црквеница и во Самобор, во Хрватска. Завршил училиште за автомеханичари, по што некое време работел во претпријатието „Авторемонт“ во Скопје. Напоредно со работата, завршил средно медицинско училиште, а потоа дипломирал на Педагошката академија во Скопје.[1]
Општествена и фолклорна дејност
уредиУште како младинец, Доневски учествувал во неколку младински работни акции, а потоа, повеќе од две децении извршувал бројни раководни функции во неколку општествено-политички организации, како: ССММ, ССРНМ и СКМ. Притоа, повеќепати бил наградуван и одликуван за активната општествена работа. По негова иницијатива биле формирани КУД „Гоце Делчев“ од Скопје, како и пејачките групи: „Бапчорки“ и „Воденки“, а тој бил организатор и на манифестацијата „Песна за Гоце“.[1]