Усни (латински: labia oris) — кожно-мускулни образувања сместени на влезот на усната празнина.[1][2] Составени се од горен (labium superius) и долен (labium inferius) дел. Го претставуваат видливиот дел од устата на човекот и повеќето животни. Усните се меки и подвижни и служат за отворање кон системот за варење при внесување храна, како ероген орган за време на бакнувањето и други дела на блискост, како тактилно-сетилен орган како и во артикулацијата на говорот.[3]

Женски усни

Усни кај животните

уреди
  • Говеда — дебели, ниски и слабо подвижни
  • Овци — долги, многу подвижни, со длабока средна бразда.
  • Свињи — долги, груби, слабо подвижни.
  • Коњи — дебели, подвижни, чувствителни, покриени со мека кожа.
  • Мачки — горната усна е мала и слабо изразена.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „усна“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „усна“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Definition of LIP“. Merriam-Webster (англиски). Посетено на 2022-05-22.

Надворешни врски

уреди