Ноздра[1][2] или носалка[3][4] (латински: naris) — кој било од двата отвори на носот. Ноздрите овозможуваат влез и излез на воздух и други гасови низ носните шуплини. Кај птиците и цицачите, тие содржат разгранети коски или 'рскавици наречени турбинати, чија функција е да го загреат воздухот при вдишување и да ја отстранат влагата при издишување. Рибите не дишат низ нос, но имаат две мали дупки кои се користат за мирис, кои исто така може да се наречат ноздри (со исклучок на Cyclostomi, кои имаат само една ноздра).

Ноздра
Човечки ноздри
Податоци
Дел одНос
СистемСистем за мирис
Назнаки
Латинскиnaris
TAA06.1.02.002

Кај луѓето, носниот циклус е нормален ултрадијански циклус кога крвните садови на секоја ноздра се затрупани со оток, а потоа се собираат.

Ноздрите се раздвоени со септум. Септумот понекогаш може да има отстапување, што предизвикува едната ноздра да изгледа поголема од другата. Со екстремно оштетување на септумот и коломелата, двете ноздри повеќе не се одвоени и образуваат еден поголем надворешен отвор.

Како и другите четириношци, луѓето имаат две надворешни ноздри (предни ноздри) и две дополнителни ноздри на задниот дел од носната шуплина, во внатрешноста на главата (задни нареси, задни назални отвори или хоана). Тие исто така го поврзуваат носот со грлото (назофаринксот), помагајќи во дишењето. Иако сите четири ноздри биле однадвор на главата на водните предци на модерните четириношци, ноздрите за излезна вода (излезни ноздри) се преселиле во внатрешноста на устата, како што било потврдено со откривањето на Kenichthys campbelli, 395 милиони години стара фосилизирана риба што покажува дека оваа преселба е во тек. Има две ноздри меѓу предните заби, слични на човечките зародоци во рана фаза. Ако тие не се спојат, резултатот е расцеп на непцето.[5]

Секоја надворешна ноздра содржи приближно 1.000 носни влакненца, чија намена е да ги филтрираат туѓите честички како што се полен и прашина.[6]

Можно е луѓето да осетат различни мирисни влезови во двете ноздри и да доживеат перцептивно ривалство слично на двогледното ривалство кога има два различните влезови во двете очи.[7] Понатаму, информациите за мирисот од двете ноздри доведуваат до два вида нервна активност[8] при што првиот циклус одговара на ипсилатералниот, а вториот циклус на контралатералните претстави на мирис.

Цевконосните се разликуваат од другите птици по тоа што имаат тубуларни продолжетоци на нивните ноздри.

Ноздрите со широко растојание, како оние на чеканоглавата ајкула, може да бидат корисни за одредување на насоката на изворот на мирисот.[9][10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ноздра“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „ноздра“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „носалка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „носалка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Lloyd, John; Mitchinson, John (2008). The Book of General Ignorance. London: Faber and Faber. стр. 2, 299. ISBN 978-0-571-24139-2. OCLC 191753333. Посетено на 16 July 2011.
  6. Blume-Peytavi, Ulrike; Whiting, David A.; Trüeb, Ralph M. (2008). Hair Growth and Disorders. Berlin: Springer. стр. 10. ISBN 978-3540469087.
  7. Zhou, Wen; Chen, Denise (29 September 2009). „Binaral rivalry between the nostrils and in the cortex“. Current Biology. 19 (18): 1561–5. doi:10.1016/j.cub.2009.07.052. PMC 2901510. PMID 19699095.
  8. Dikeçligil, Gülce Nazlı; Yang, Andrew I.; Sanghani, Nisha; Lucas, Timothy; Chen, H. Isaac; Davis, Kathryn A.; Gottfried, Jay A. (November 2023). „Odor representations from the two nostrils are temporally segregated in human piriform cortex“. Current Biology (англиски). doi:10.1016/j.cub.2023.10.021.
  9. Gardiner, Jayne M.; Atema, Jelle (July 2010). „The Function of Bilateral Odor Arrival Time Differences in Olfactory Orientation of Sharks“. Current Biology. 20 (13): 1187–1191. doi:10.1016/j.cub.2010.04.053. PMID 20541411.
  10. „Cell Culture“. Cell. 142 (4): 501–503. August 2010. doi:10.1016/j.cell.2010.08.009.

Надворешни врски

уреди