Слеер (англиски: Slayer, преведно - Убиец) беше американски треш метал бенд од Хантингтон Парк, Калифорнија, САД формиран во 1981 година од страна на гитаристите Кери Кинг и Џеф Ханеман, тапанарот Дејв Ломбардо и басистот и пеачот Том Араја. Слеер се сметаат за едни од "Големата Четворка" на треш метал заедно со Металика, Мегадет и Антракс. Нивниот трети студиски албум Reign in Blood се смета за еден од најзначајните треш албуми и имал големо влијание врз другите жанрови на екстремен метал, особено дет-метал.[1]

Slayer
Слеер на концерт во Холандија, 2007 г.
Од лево кон десно: Џеф Ханеман, Том Араја и Кери Кинг
Животописни податоци
ПотеклоХантингтон Парк, Калифорнија, САД
ЖанровиТреш метал
Период на активност1981 – 2019
ИздавачиМетал Блејд, Деф Џем, Американ, Нуклеар Бласт
Мреж. местоslayer.net
Поранешни членови
Кери Кинг
Џеф Ханеман
Том Араја
Дејв Ломбардо
Пол Бостаф
Гери Холт
Џон Дети

Во текот на нивната кариера, Слеер имаа издадено 12 студиски албуми, 4 албуми во живо, 3 мини албуми, 1 албум, 14 музички видеа и албум со најдобрите хитови. Бендот има продадено околу 20 милиони примероци на светско ниво и околу 5 милиони примероци во САД.[А][2]

Песните на Слеер се препознатливи по нивната агресивност, жестина и бруталност. Музиката е во екстремно брзо темпо (многу често над 200 удари во минута), додека текстовите најчесто обработуваат теми како сериски убиства, геноциди, тероризам, фашизам, некрофилија, анти-религија и војна поради што нивните албуми се забранети во многу држави и често добиваат критики од религиозни групи.

Применуваат уникатни начини на свирење како тремоло трзање и пригужување на гитарата со цел да се добие подлабок "тежок" звук, користење „дупла папуча“ на тапани и вокали кои се изведуваат преку викање и дерење наместо стандардно пеење. Многу подоцнежни бендови ги споменуваат Слеер како едни од највлијателните треш метал музичари, како по нивната музика, така и по нивните сценски настапи и изглед.

Бендот добил 5 номинации за Греми награди во категорија "Најдобра Хеви Метал Изведба", освојувајќи ја наградата 2 пати, првиот пат во 2007 година за песната "Eyes of the Insane" и вториот пат во 2008 година за песната "Final Six", двете песни од албумот Christ Illusion (издаден 2006 година).

Во февруари 2013, Дејв Ломбардо бил отпуштен од бендот по трет и последен пат поради аргумент околу неговото плаќање. На негово место се вратил тапанарот Пол Бостаф кој и претходно бил во бендот. На 2 мај 2013 почина гитаристот и основачот на бендот Џеф Ханеман од цироза на црниот дроб на 49 годишна возраст. Бил заменет со Гери Холт - гитаристот на треш метал бендот Ексодус.

Во јануари 2018, бендот објави дека ќе одржат уште една последна светска турнеја, која траеше од мај 2018 до ноември 2019, после што бендот се распадна.

Дискографија

уреди

Студиски Албуми:

уреди
Бр. Наслов Датум на издание Издавачка куќа
1 Show No Mercy 3 декември 1983 Метал Блејд
2 Hell Awaits март 1985 Метал Блејд
3 Reign In Blood 7 октомври 1986 Деф Џем
4 South of Heaven 5 јули 1988 Деф Џем
5 Seasons in the Abyss 9 октомври 1990 Американ
6 Divine Intervention 27 септември 1994 Американ
7 Undisputed Attitude 28 мај 1996 Американ
8 Diabolus in Musica 9 јуни 1998 Американ
9 God Hates Us All 11 септември 2001 Американ
10 Christ Illusion 8 август 2006 Американ
11 World Painted Blood 3 ноември 2009 Американ
12 Repentless 11 септември 2015 Нуклеар Бласт

Aлбуми во Живо:

уреди
Бр. Наслов Датум на издание Издвачка куќа
1 Live Undead 16 ноември 1984 Метал Блејд
2 Decade of Aggression 22 октомври 1991 Американ
3 The Big Four: Live from Sofia, Bulgaria

(with Metallica, Megadeth & Anthrax)

15 октомври 2010 Универзал
4 The Repentless Killogy

(Live at the Forum in Inglewood, CA)

8 ноември 2019 Нуклеар Бласт

Мини Албуми:

уреди
Бр. Наслов Датум на издание Издавачка куќа
1 Haunting The Chapel јуни 1984 Метал Блејд
2 Serenity In Murder 25 мај 1995 Американ
3 Eternal Pyre 6 јуни 2006 Американ

Белешки

уреди
А.^ Слеер никогаш не објавиле точна бројка колку изнесува нивната продажба на примероци низ светот. Споменатата бројка е само проценка.

Наводи

уреди
  1. „Kerrang! Hall Of Fame“. Kerrang!. 24 август 2006. Посетено на 10 јануари 2006.
  2. „Updated: Top-Selling Hard Rock Artists According To Nielsen Soundscan - Jan. 30, 2004“. Blabbermouth.net. 30 јануари 2004. Архивирано од изворникот на 2020-01-26. Посетено на 27 март 2013.

Надворешни врски

уреди