Славко Трајаноски
Славко Миланов Трајаноски ( 1923 во Долно Добреноец, Кичевско — 1945 во Товарник, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Славко Трајаноски | ||
Роден | 1923 година Долно Добреноец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Товарник, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како младинец се определил за борба против окупаторот. Во селото станал активен работник и извршувал одговорни партиски задачи: собирал храна и други намирници за НОВ, а во 1944 година заминал партизан во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во завршните борби во Западна Македонија, а потоа заминал на Сремскиот фронт во составот на Петнаесеттиот корпус. Загинал при пробојот на германскиот обрач кај селото Товарник во април 1945 година.[1]