Милан Трајаноски
Милан Велјанов Трајаноски ( 1903 во Долно Добреноец, Кичевско — 1944 во Крушино, Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Милан Трајаноски | ||
Роден | 1903 година Долно Добреноец, Кичевско, Македонија како дел од Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | септември, 1944 година Крушино, Кичево, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Во Кралство Југославија бил на печалба, од каде по окупацијата се вратил во своето село. Како симатизер на народно ослободителното движење го испратил својот син (Славко Трајаноски) во партизани, а од 1944 година ѝ самиот заминал. Загинал во борбите за ослободувањето на Кичево во септември 1944 година во месноста Крушино во борба со балистите.[1]