Славко Димитровски
Славко Вандев Димитровски ( 1922 во Куманово — 20 октомври 1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште им помагал на своите родители во обработувањето на земјата. Подоцна успеал да се вработи во Куманово, како ѕидарски работник. Во 1943 година служел во бугарската фашистичка војска. По капитулацијата на Бугарија, во септември 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во борбите против непријателот по терените околу Велес и Скопје. Како борец бил мошне дисциплиниран, совесен и примерен, ценет како од соборците така и од старешините. На 20 октомври 1944 година во една борба против Германците и балистите, храбро загинал во близината на Шишево, Скопско.[1]