Слабишта (грчки: Σλάμπιστα) — река во Нестрамско, Егејска Македонија, лева притока на Стенска Река (Стенопотамос). Му припаѓа на сливот на реката Бистрица.

Слабишта
Σλάμπιστα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајНестрамско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоГал’мбица
 • координати40°27′51″N 21°00′58″E / 40.4642° СГШ; 21.0161° ИГД / 40.4642; 21.0161
Устие 
 • место
Стенска Река кај Радигоже
 • координати
40°26′15″N 21°05′34″E / 40.4376° СГШ; 21.0928° ИГД / 40.4376; 21.0928
Особености на сливот

Опис

уреди

Реката се образува од неколку потоци кои извираат од планината Гал’мбица, западно од Попов Врв (1.110 м). Тече во југоисточен правец и минува северно од сртот Ондрија, јужно од селото Чука, па северно од селото Радигоже, ја прима левата притока Сарандиница.[1] На крајот се влева во Стенска Река, малку пред нејзиниот влив во Бистрица (тука наречена Белица).[2]

Во 1969 г. реката со указ е преименувана во Љанорема (Λιανόρεμα) при преименувањето на топонимите во општината Нестрам и во Агоно (Άγονο) при преименувањето на топонимите во тогашната општина Грлени.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kónitsa GSGS (Series); 4439. 2nd ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/9542." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 713. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)