Скафизам — староперсиски начин на погубување што довел до особено болна смрт, која всушност најверојатно не ни постоела. Името доаѓа од грчкото σκάφη, што значи „чамец“. Осудениот на смрт со скафизам е соблечен целосно гол и затворен во празниот простор на два цврсто прицврстени тесни чамци или издлабени трупци, а главата, рацете и нозете му остануваат испакнати. Потоа е принуден да проголта обилни количини мед и млеко додека не развие остро растројство. Дополнително се полева со мед (или мед и млеко) за да се привлечат инсекти, посветувајќи посебно внимание на очите, ушите, устата, лицето, половите органи и задниот премин. Така врзан и наполнет се остава во некое калливо езеро или на сонце.

Со текот на времето, празниот простор помеѓу чамците, односно отворите, почнале да се полнат со измет на осудените на смрт. Тие привлекуваат уште повеќе инсекти, кои почнуваат да го јадат незаштитеното месо и да живеат во него. Нивното копање доведува до прекин на крвоснабдувањето, со што месото се зафатува со гангрена. Секој ден следи дополнително хранење на смртникот со мед и млеко за да се продолжи времетраењето на мачењето. Кога смртта милосрдно се случува, таа најчесто е од комбинација на дехидрација, глад или септичен шок. Можно е да се постигне и делириум, обично по неколку дена.[1]

Историски докази

уреди

Ужасната суровост на персиските казни ја надминува злобата на сите други варвари, бидејќи тие користат маки што се особено страшни, но во исто време и долготрајни, поготово „чамците“ или шиење луѓе со необработени животински кожи. Да им објаснам на неизвестените читатели за „чамците“: Два чамци се прицврстени и се оставаат дупки само за главата, рацете и нозете. Во овие чамци оној што треба да биде убиен се става на грб, а чамците се заковани. По ова, во устата на несреќникот се истура мешавина од млеко и мед сѐ додека не му се слоши, а со истата мешавина се мачкаат лицето, рацете и стапалата и се остава на сонце. Ова се повторува секој ден, а мувите, пчелите и осите, привлечени од слаткото, слетуваат на краевите што се штрчат од чамците и почнуваат страшно да го гризаат и боцкаат. Неговиот стомак, преполн со мед и млеко, почнува да произведува само течен измет. Ова течно гниење изобилува со црви и сешто во стомакот. И така, бедникот лежи во чамците, а неговото гнило месо го јадат црви, додека најпосле не умре од бавна и ужасна смрт.

Јован Зонара, Анали[2]

Наводи

уреди
  1. One Bloody Thing After Another: The World's Gruesome History – Jacob Field – 2012 & 2016 – Michael O'Mara Books
  2. „Tortures and Torments of the Christian Martyrs“.

Надворешни врски

уреди