Станово
Станово или Станево (грчки: Στάνοβο) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина на Солунскиот округ, Грција. Било населено со погрчени Македонци, во изворите погрешно наведувани како „Грци“.
Станово Στάνοβο | |
---|---|
Координати: 40°41.32′N 23°2.11′E / 40.68867° СГШ; 23.03517° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Лагадина |
Надм. вис. | 150 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на западниот брег на Лагадинското Езеро, јужно од Каваларци, во подножјето на истоимениот врв Станово.
Во Станово стојат урнатините на поствизантиската црква „Св. Ѓорѓи“.[1]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСелото веројатно настанало во средниот век. Се спомнува како Истанова, Ситана, Станево. Во османлиските дефтери од XVII – XVIII век се води како чифлик Лагадинската нахија на Солунската каза.[2]
Според Васил К’нчов:
„ | Селото Станево или Ситана е полупогрчено.[3] | “ |
Според неговата статистика („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Ситана (Станево) живееле 100 жители „Грци“ христијани (всушност погрчени Македонци).[4]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Станово (Stanovo) имало 85 „Грци“.[5]
В Гърция
уредиПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото е заведено како напуштена населба, веројатно поради војните.[6] На пописот од 1920 г. Станово имало 20 жители, кои во 1928 г. нараснале на 77 лица.[6]
Малку подоцна селото се распаднало поради маларичноста на теренот, а населението се преселило во соседното македонско село Каваларци.[6]
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од XIX век, прогласена за споменик на културата
Наводи
уреди- ↑ „Καβαλάρι“. Δήμος Λαγκαδά. Архивирано од изворникот на 20 април 2013. Посетено на 8 јуни 2014.
- ↑ Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXI. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-12. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 70. ISBN 954430424X.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 173. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 196–197.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 299. ISBN 9989-9819-6-5.