Син[1][2]машки потомок на родителите.

Освен неколку нации (на пр. Евреите) синот се смета за наследник на семејното име, како и на имотот. Семејните врски се дефинираат првенствено преку машката линија. Мнозинството македонски презимиња потекнуваат од машки, а не женски (со некои исклучоци) предок.

Синот како машко дете повеќето луѓе го сметаат за поголема добивка од ќерката. Во некои народи дури женските деца и се убиваат.

Кај некои народи постои обичај да се раѓаат деца додека не се роди барем еден син.

Меѓу народите каде што има крвна одмазда, тоа важи само за машките потомци.

Постои и обичај дека за првото машко дете е наменета круната, т.е. наследството на царството, кралството, кнежевството... Но, и покрај тоа, постојат неколку кралства во Европа каде жените се носители на власта. Добар пример е поранешната кралица на Велика Британија, Елизабета II.

Тенденцијата „да има што е можно повеќе синови“ е изразена и кај нациите воини, бидејќи со тоа се добиваат нови, идни војници.

Дури и во религиите, предност им се дава на машките потомци. Во христијанството е на пр. Божјиот син Исус Христос. Речиси во сите религии постои нееднаквост меѓу жените и мажите. Им е забранет пристап до одредени места за богослужба или одредени делови од места за богослужба, па дури и до одредени територии, на пр. Света Гора во Грција.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди